
ЕДНА ДРЖАВА ВЕЌЕ БАНКРОТИРАШЕ: Најголема економска криза од 2019 година!
Либан е банкрот. Парите кои доаѓаат од странство во разни организации го спречуваат најлошото.
На земјата и требаат реформи, но политичката елита се противи, пишува Дојче веле.
Либан не е само во политичка криза, туку и во невидена економска криза. Светска банка тврди дека тоа е „една од најлошите кризи во целиот свет од средината на 19 век“.
Либанската фунта изгуби 90 отсто од својата вредност од крајот на 2019 година. Пред кризата 150.000 фунти заработиле 100 долари. Денес истата сума чини долар и половина.
Доларот се бара насекаде
Либанската компанија „Pure Taxi“ пред девет години работеше во Бејрут со 30 возила. Сега ги има осум. Еден од косопствениците Карим Мерхеб вели дека и тие возачи не се вработени постојано.
„Веќе немаме канцеларија и сè организираме преку телефон“, додава тој, наведувајќи дека закупот на деловен простор, струја и интернет им е прескап и побарале сметките да ги плаќаат во американски долари.
Иако Карим Мерхеб сака да звучи оптимист, тој вели дека „квалитетот на животот драстично паднал“. Тој исто така додава дека луѓето кои платата ја земаат во либанска валута, а не во долари, тешко можат да преживеат.
Поголемиот дел од продавниците, аптеките и услужните дејности се префрлија на доларот. „Многу Либанци зависат од парите што им ги испраќаат нивните роднини од странство. Така тие имаат одреден прилив на долари“, вели Лина Хатиб, идна директорка на Институтот за Блискиот Исток SOAS.
Но, куповната моќ на луѓето кои немаат долари драстично опадна. Покрај тоа, банките го ограничија износот на девизи што луѓето можат да ги подигнат. Затоа и тие што имаат пари на сметка едвај врзуваат крај со крај.
Карим Мерхеб и неговиот деловен партнер дозволуваат плаќање и во либанска валута, во спротивно не би можеле да превезуваат бројни клиенти. Махмуд Сидави е автомеханичар. Тој вели дека ретко кој сè уште ги сервисира возилата, бидејќи луѓето мора да ги прехранат семејствата и да плаќаат школарина. Така, некои одат пешки до работа, без разлика колку е далеку или дали е топло. Садави вели дека преживува во Либан од еден ден во друг: „Тука ништо не е сигурно. Едноставно има премногу проблеми“.
Економијата на земјата се заснова на готовински плаќања. Експертите сметаат дека тоа е опасно, бидејќи вкупните пари се слеваат во приватниот сектор. Банкарството е парализирано, а државата е пред банкрот. Но, кој е одговорен за тоа?
Корупција и лошо менаџирање на либанските политичари
Лина Хатиб за кризата ги обвинува носителите на одлуки, кои според неа се дел од корумпираниот политички систем: „Системот им овозможи на тие луѓе да крадат пари од државата“.
Пример за тоа е долгогодишниот директор на Централната банка, Риад Саламех, кој е под истрага во неколку европски земји за корупција и перење пари. Хатиб вели дека таквите политичари не се погодени од кризата – тие префрлаат пари во странство, па дури и профитираат од кризата. „Многу од нив не припаѓаат само на политичката туку и на економската елита. Таа додава дека Хезболах успеал да ја искористи кризата. Го контролираат шверцот од Сирија или увозот на евтина стока од Иран на која не плаќаат данок.
Различни девизни курсеви
Со години, либанската фунта беше врзана за доларот по точно одредена вредност. Централната банка има потреба од девизни резерви за покривање на вредноста на домашната валута. Банките користеа високи каматни стапки за да привлечат клиенти да ги депонираат своите долари кај нив. Камата плаќала Централната банка и на тој начин се наталожиле долгови. Странските инвеститори ја загубија довербата, ги повлекоа парите и финансискиот систем пропадна.
Лина Хатиб вели дека цехот го платила средната класа која штедела во либанските банки и повеќе не можела да им пристапи на нивните пари. „Тоа се луѓе кои преку ноќ ги загубија заштедите и одеднаш се најдоа под прагот на сиромаштија. Таа го наведува примерот со оние луѓе кои со децении работеле во државната служба, а сега се пензионираат – одеднаш нивната пензија е целосно девалвирана, бидејќи се плаќа во локална валута.
Според Обединетите нации, три четвртини од населението на Либан во меѓувреме е погодено од сиромаштија. Истражувањето на Хјуман рајтс воч (ХРВ) на почетокот на 2022 година носи информации дека повеќе од едно од четири домаќинства има по еден возрасен кој мора да прескокне еден дневен оброк, бидејќи нема доволно храна за секого.
Последици – социјални немири
Хусеин ал-Мала, експерт од Институтот Гига (Германски институт за глобални и регионални студии, ГИГА) од Хамбург, смета дека последиците од таквата ситуација ќе бидат социјални немири: „Бидејќи средствата за инфраструктура се при крај, ситуацијата во јавните услуги, здравството, образованието и јавниот сообраќај. Ова делумно веќе се случува“. Тој додава дека заедно со сето тоа државата ја напуштаат и образованите луѓе.
Лина Хатиб смета дека меѓународната заедница ѝ овозможила на либанската политичка елита да остане на власт со години, бидејќи му давала финансиска помош на Либан без да ја условува со реформи. И реструктуирањето на либанското банкарство е неопходно за да се добие помош за заживување на економијата. Во меѓувреме, Меѓународниот монетарен фонд ги услови заемите со реформи, но од 2019 година владејачката структура одбива да го стори тоа.
Не е доволна краткорочната странска помош
Странската помош насочена кон невладиниот сектор. Хатиб вели дека тоа е точно, но не доволно, бидејќи меѓународната заедница би морала да врши притисок и да бара реформи, но и Вашингтон и Брисел би морале да ги прошират списоците на лица под санкции.
Хусеин ал Мала се надева дека во иднина Либан ќе ја разграни својата економија во области кои имаат потенцијал за раст, како што се обновливите извори на енергија, високата технологија и туризмот. Тој знае дека има предуслови за тоа: „За да привлече странски инвеститори, Либан мора да создаде атрактивна средина преку подобрување на инфраструктурата, намалување на бирократијата и создавање стабилна правна рамка“.
Меѓутоа, земјата во моментов е далеку од тоа и автомеханичарот Махмуд Сидави вели: „Државата едноставно отсуствува. Ние се грижиме за себе“.
Б92

