Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Еден во фармерки, друг во одело, трет со палто од татко му“ Тошковски најавува набавка на 6.000 полициски униформи
Македонија

„Еден во фармерки, друг во одело, трет со палто од татко му“ Тошковски најавува набавка на 6.000 полициски униформи

10/06/2025

AA

По осум години без нова службена опрема, Министерството за внатрешни работи започнува со масовна набавка на нови униформи за униформираните полициски службеници низ целата држава. Веста ја соопшти министерот Панче Тошковски, кој оцени дека станува збор за „крај на игнорантскиот однос“ кон припадниците на полицијата.

„Она што полицајците го носат денес е срамота. Осум години не е набавена нова униформа – тоа не е само административен пропуст, туку слика за непочитување на оние што секојдневно се грижат за нашата безбедност“, изјави Тошковски.

Министерот информираше дека досега била реализирана помала набавка со која се опфатени околу 1.000 службеници, но до крајот на годината нова униформа треба да добијат дури 5.000 до 6.000 припадници, со што речиси целокупниот униформиран кадар ќе биде опремен со современа и функционална работна облека.

Во својата изјава, Тошковски алудираше и на фотографии од терен на кои се гледаат полицајци облечени во фармерки, обични палта и работнички облеки, што, според него, го покажува реалниот проблем на терен.

„Имаше обиди во јавноста да се девалвира процесот на набавка, но вистината е јасна. Граѓаните ја гледаат реалната состојба и сакаат полиција која изгледа професионално и заслужено добива поддршка“, додаде Тошковски.

Во завршницата на својата изјава, министерот ја спомена и политичката димензија на реформите, порачувајќи дека „македонскиот народ е мудар и ќе го каже својот збор на локалните избори“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
Македонија

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42429
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени седум настани!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ ВО НАСИЛСТВОТО Кршење покуќнина, напади

13/04/2026

Шест лица се лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата. На 12.04.2026 во 17:50 часот во

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско

13/04/2026

Одбележуваме 14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско. На 12-ти април во 2012 година,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy