Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крмзови преку поврат на ДДВ испумпале 94 милиони евра од државата
Македонија

Крмзови преку поврат на ДДВ испумпале 94 милиони евра од државата

10/06/2025

AA

Штетата што ѝ е нанесена на државата преку фиктивни зделки за поврат на ДДВ достигнува неверојатни 94 милиони евра, а зад операцијата стојат 15 фирми поврзани со семејството Крмзови од Струмица. Истрагата, која ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, опфаќа и 23 физички лица, меѓу кои 4 сметководители и 8 инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП).

Според обвинителката Верица Бержецка Крстева, фирмите склучувале фиктивни купопродажни договори за недвижности кои не биле ни во сопственост на продавачите. Простории се продавале и препродавале по вештачки надуени цени – и тоа по цени од 4.000 до 20.000 евра за квадрат.

„Се користеле и фиктивни консигнации и лажно уништување на градежна механизација. Целта била да се прикажат огромни трошоци и да се поврати ДДВ од државата“, рече Крстева.

Преку поврат на ДДВ, фирмите успеале да инкасираат 30 милиони евра, кои потоа биле користени за прикажување кредитна способност, подигање кредити, исплата на плати и изградба на објекти.

„Тешко е да се фати начинот на оперирање и поврзаноста на субјектите, бидејќи користеле лажна документација“, додаде обвинителката.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски случајот го нарече еден од најобемните што ги воделе до сега, додавајќи:

„Копаш, копаш и нема дно.“

Истрагата го опфаќа периодот од 2019 до 2024 година, но не се исклучува можноста таа да се прошири со нови индиции и актери.

Се што е во сопственост на фирмите и лицата поврзани со семејството Крмзови – неформално наречените “кралеви на текстилот” – е замрзнато, но засега не е сигурно дали тоа ќе биде доволно за да се покрие целокупната штета.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy