Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЌЕ ТРПИ БИЗНИСОТ НА ЦЕЛА ЕВРОПА“: Можно е колапс на пристанишните терминали во северна Европа
Економија

„ЌЕ ТРПИ БИЗНИСОТ НА ЦЕЛА ЕВРОПА“: Можно е колапс на пристанишните терминали во северна Европа

18/01/2024

AA

На прекините не влијаат само нападите на Хутите,
туку и зимските бури, односно гужвите предизвикани од претходните празници.

Временските проблеми и пренасочените бродови преку Р’тот Добра Надеж, поради нападот Хутите во Црвеното Море, предизвикаа метеж на пристанишните терминали
во Северна Европа, соопшти денеска данската бродска компанија Молер-Маерск.

„Се очекува зимските услови и можните инциденти во Црвеното
Море да се одразат на бизнисот во цела Европа и на терминалите на хабот. Во
такви услови сите терминали се силно оптоварени, па затоа бараме од клиентите
да по растоварувањето, товарот да се
превземе што е можно поскоро, за да помогнете во непречено одвивање на
сообраќајот“, предупреди Маерск.

Оваа компанија, како и многу други, со недели ги пренасочува
бродовите преку преку Р’тот Добра Надеж за да го заобиколат
Црвеното Море поради зголемен ризик.

Сепак, тоа е само еден дел од проблемот. Како што соопшти
Maersk, „терминалите во Северна Европа исто така беа затворени поради зимски
бури, односно гужви за време на божиќните празници“.

Главниот извршен директор на Maersk, Винсент Клерк, на 17
јануари рече дека прекините во глобалното транспортирање – предизвикани од
напади на бродови во Црвеното Море – може да траат „најмалку неколку месеци“.

„Иако се надеваме на одржливо решение во блиска иднина и
правиме се што можеме за да помогнеме, ги охрабруваме клиентите да се подготват
за можноста од долгорочни компликации во областа и значителни нарушувања на
глобалната мрежа“, рече соопшти денеска
Maersk. Данскиот гигант, исто така, нагласи дека на клиентите им нуди можност
за пренесување на дел од товарот од пловни објекти на авиони на аеродромите во
Оман и ОАЕ, со цел да се достави стоката до нивните крајни дестинации во Европа
и САД.

ФОТО: EPA-EFE/CLAUS BJOERN LARSEN

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy