Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе се врши подземно скенирање на наоди во „Стибера“ за првпат по 70 години
Македонија

Ќе се врши подземно скенирање на наоди во „Стибера“ за првпат по 70 години

23/04/2023

AA

За првпат по 70 години откако се истражува, годинава со скенер ќе се детектираат големите наоди под земја на античкиот локалитет „Стибера“ кај прилепското село Чепигово. Локалитетот „Стибера“ е најпознат по мермерните статуи и бил град со 20 000 жители во периодот од 3 век пред, до 4 век од нашата ера.

Геоскенирањето на Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија ќе се врши на просторот на храмот на богињата Тихе за идните истражувања да бидат прецизни и да се знае совреме каде да се копа.

-Обучени археолози од Музејот и на теренот, површински ќе го скенираме просторот околу храмот на богињата Тихе за да видиме што се наоѓа под земјата. Ова е недеструктивен метод, не се копа не се уништуваат културни слоеви и со тој скенер ќе се евидентира што има под земјата, како се простираат градбите, во кои правци се шират. За нас археолозите тоа е добро и ќе знаеме за проектите што ќе ги поднесуваме во кој правец да се движат тие истражувања. Со оглед на тоа дека на просторот каде е храмот на богињата Тихе се покажа дека има и други градби, како што е зградата на римската Агора, потоа Собранието, сигурен сум дека таму се наоѓаат уште, најмалку, две градби од јавен карактер, во кои се зачувале одредени административни и општествени дејности и сигурен сум дека со идните ископувања ќе наидеме на нови, вредни наоди од мермерните скулптури, објаснува Душко Темелкоски, археолог од прилепскиот Завод и музеј.

Археолозите очекуваат да се реши долгогодишниот, најголем проблем, сопственоста на земјиштето на голем дел од локалитетот. Има приватни парцели, главно од жителите на соседното село Чепигово.

-Се надевам дека еднаш ќе го решиме најголемиот проблем на кој наидуваме при ископувањата во Стибера, да се реши проблемот и преземањето на оние парцели кои сега се во приватна сопственост. Особено зашто нашите археолошки истражувања целосно не може да се замислат се додека парцелите се во приватна сопственост. Тоа е главниот проблем кој се надевам дека ќе биде решен, вели Темелкоски.

Првите истражувања на Стибера во 1953 година ги направил тогашниот Археолошки музеј од Скопје. Во Музејот има околу 30 наоди од мермерна пластика, мермерни статуи на божества и на видни граѓани од Стибера. Во прилепскиот Музеј се околу 20 такви статуи, што значи во седум децении се пронајдени 50 до 60 вредни наоди и се во двете установи.

Во 1953 година, според видувањата на археологот Душанка Ковачевиќ од Археолошкит музеј на Македонија, тогаш се истражувало токму во двата сектора на локалитетот Стибера: во Гимназионот и храмот на богињата Тихе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ОКТОМВРИСКИТЕ АНКЕТИ Власта има доверба

11/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА СТАБИЛНА ЕНЕРГЕТСКА ЗИМА Владата обезбедува јаглен за

11/11/2026
Македонија

СУБХИ ЈАКУПИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ СУД Јошевска му

11/11/2026
Македонија

САКАЛ ДА КУПИ „АУДИ А5“ ОД ГЕРМАНИЈА, НО БИЛ ИЗМАМЕН

11/11/2026
Македонија

РЕЧИСИ ЦЕЛ МЕСЕЦ НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ГОСТИВАРЕЦ Потрагата по

11/11/2026
Македонија

ФЛОРА КАДРИУ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Наташа

11/11/2026
Македонија

СО УРЕД ОД ЦРНИОТ ПАЗАР КРАДЕЛЕ СТРУЈА ВО КАЗИНО Штетата

11/11/2026
Македонија

ЕГИПЕТ СТАВИ ОРГАНИЗАЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА НА СПИСОК ЗА ТЕРОРИЗАМ Суд

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46718
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ОКТОМВРИСКИТЕ АНКЕТИ Власта има доверба од 24%, а опозицискиот СДСМ

11/11/2026

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај граѓаните, откриваат трите анкети спороведени во октомври, информираше денеска на брифинг со новинарите

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА СТАБИЛНА ЕНЕРГЕТСКА ЗИМА Владата обезбедува јаглен за трите блока на РЕК Битола,

11/11/2026

Растот на цените на енергенсите и притисокот врз инфлацијата создаваат ризик од нова енергетска криза, која веќе се чувствува во

СУБХИ ЈАКУПИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ СУД Јошевска му замери дека нема судиски стаж

11/11/2026

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија во Вишиот управен суд, за нов претседател на Управниот суд, оценувајќи дека неговата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy