
ЌЕ СЕ ВРАЌА ВОЕНИОТ РОК ВО СРБИЈА? Српската војска нема резерви
Генералштабот на српските вооружени сили и Министерството за одбрана денеска официјално ќе покренат иницијатива за укинување на одлуката за суспензија на воениот рок, изјави Милош Вучевиќ.
Поточно, ќе покренат иницијатива за повторно активирање на законот со кој се дефинира задолжителниот воен рок.
Вучевиќ рече дека таквиот воен рок треба да трае до 4 месеци, а може и пократок, но тоа ќе се види само кога ќе се процени времетраењето на обуката, но сигурно нема да биде година или половина.
Тој потсети дека задолжителниот воен рок во Србија никогаш не бил укинат, туку само суспендиран, што значи дека суспензијата треба само да се укине, а за тоа ќе се покрене широка јавна дискусија.
„После 13 години имаме потреба да ја пополниме резервата. Војската на Србија ја напуштија 13 генерации, немаше задолжителен воен рок. Нашите безбедносни потреби се да имаме нови регрути кои секогаш се подготвени да ја заштитат земјата. Ние го разбираме безбедносни ризици.Тоа не е само потреба карактеристична за Србија, многу европски земји го активираат задолжителниот воен рок“, објасни Вучевиќ за Телевизија Хепи.

