Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ СЕ ИСТРАЖИ ЗОШТО НЕКОИ ЦЕНИ РАСТАТ ОД ДЕН ЗА ДЕН Владата следната недела ќе разгледува мерки за шпекулативни однесувања на пазарот
Македонија

ЌЕ СЕ ИСТРАЖИ ЗОШТО НЕКОИ ЦЕНИ РАСТАТ ОД ДЕН ЗА ДЕН Владата следната недела ќе разгледува мерки за шпекулативни однесувања на пазарот

10/04/2026

AA

„Го намаливме ДДВ-то на горивата најмногу во целиот регион, а потоа интервениравме и со акцизата што позитивно влијаеше, имајќи предвид дека целокупната инфлација споредено март годинава, со март минатата година е само 0,7 проценти“.

Вака изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, најавувајќи дека во вторник на седница на Влада ќе се разгледуваат мерки за, како што рече „одредени шпекулативни однесувања кај прехранбените производи“.

Зборувајќи за кризата на Блискиот Исток и ефектите врз економијата, Николоски, во гостувањето на Само интервју на Канал 5 телевизија, посочи дека Владата презеде мерки уште во првиот бран кога се виде дека ќе има криза, но и дека се гледаат одредени шпекулативни однесувања, каде цените наеднаш растат од ден за ден, посочувајќи го материјалот битумен, кој, како што рече, порасна за 100 проценти само за еден месец, а сите сме свесни дека залихи се чуваат најмалку за 3 месеци.

– Слично беше и кај прехранбените производи и јајцата и затоа го задолживме Министерството за економија и труд заедно со државниот трудов и пазарен инспекторат да направат споредба на цени, квантитативно затоа што ова нема да заврши со Велигден и во вторник на редовната седница на Влада ние ќе го гледаме овој извештај и врз основа на тоа ќе преземеме мерки – изјави Николоски.

Мерките, според Николоски, можеби ќе треба да бидат покрај оние за олеснување и со рестриктивна политика, односно оние што ја злоупотребуваат ситуацијата да бидат казнети.

– Тоа е вториот дел. Доколку продолжи кризата, иако како што кажав работите се менуваат. Доколку продолжи кризата секако ќе интервенираме и тука – изјави Николоски, посочувајќи дека иако „по примирјето се надевам дека ситуацијата ќе оди во една добра состојба и дека нема да се повтори овој конфликт на Блискиот Исток“.

Во однос на минатогодишната ситуација и „картелското здружување“ на повеќе маркети во државата, Николоски потсети дека тоа на крајот го потврдила и Комисијата за заштита од конкуренцијата, нагласувајќи дека „лани јасно беше дека се работи за шпекулативно однесување“.

– Оваа година веќе е внесена, односно е од надвор целата оваа криза, но повторно има шпекулативно однесување. Повторувам, конфликтот таму траеше нецели четири недели, а од ден за ден дека толку можат да се менуваат цените и дека никој нема залиха во магацините и дека од ден за ден ја купуваат робата и ја продаваат на граѓаните. Тоа е надвор од било каква економска логика и јасно е дека имаше шпекулативно однесување – изјави Николоски.

Николоски потсети дека мерките беа преземени во делот на цените кои се поврзани со берзата – бензинот и нафатата и дека имаме најевтини цени на бензините и дизел горивото во целиот регион.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ИСТРАЖИ ЗОШТО НЕКОИ ЦЕНИ РАСТАТ ОД ДЕН ЗА

10/04/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ИЗГУБИ ВО УЛОГАТА Единствен коректив на власта во

10/04/2026
Македонија

ДАЛЕКУ СМЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ВО ПЛАНОТ ЗА РАСТ Македонија не

10/04/2026
Македонија

РАМО ДО РАМО ЧЕКОРИМЕ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Некогаш има

09/04/2026
Македонија

Ахмети прати писмо до Трамп, ЕУ и НАТО: Бара меѓународна

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Во Македонија фирми профитираат од кризата, додека 90% од

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Примирјето е само „излезна рампа“ за Трамп, цените на

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42336
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена соработка и размена на информации

10/04/2026

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија м-р Ненад Савески денеска оствари работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија

ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ИЗГУБИ ВО УЛОГАТА Единствен коректив на власта во моментот е народот, вели Лефков

10/04/2026

Опозицијата се изгуби во својата улога, додека единствениот коректив на власта во моментот е народот, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле

ДАЛЕКУ СМЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ВО ПЛАНОТ ЗА РАСТ Македонија не коленичи на патот кон ЕУ

10/04/2026

Добро е што ние водиме достоинствена политика, не правиме понижување ниту од себе, ниту од сопствената нација и држава и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy