
Ќе се бира наследник на Јовески – има тројца кандидати!
Советот на јавни обвинители во петок треба да избере вршител на должноста кој ќе го замени актуелниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески.
На Јовески во понеделник му истекува мандатот.
Истиот ќе се избере од редот на републичките обвинители и тој ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител за кого постапката е во тек. На огласот пријавени се тројца кандидати – Лидија Раичевиќ, Фатиме Фетаи и Љупчо Коцевски.
Инаку, на денешната седница на Советот на јавни обвинители обвинителката од ОЈО ГОКК Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство. Покрај Стефанова, избран е и Наум Пановски од скопското Вишо обвинителство.
Стефанова беше дел од тимот на СЈО, а во моментот единствен активен предмет кој го води е „Титаник“.