Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА – интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group
Економија

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА – интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

09/01/2025

AA

Компаниите постигнуваат успех благодарение на ресурсите и способностите што ги имаат, а улогата на основачот или менаџерот и неговиот тим е да ги дефинира, развива и да ги користи на најдобар можен начин, со цел да се постигне успех на пазарот. Многу луѓе веруваат дека идејата е клучот за успех на бизнисот, а ова е веројатно една од најчестите заблуди поврзани за него. Има мал милион нешта кои ја создаваат целокупната слика за успех…

Fashion Group е една од водечките модни компании кај нас. Дводецениското траење на пазарот е потврда за успехот кој секогаш е во подем. Оваа голема компанија беше меѓу првите во самостојна Македонија која донесе светски познати модни брендови, а нивниот број до денес расте. 

Леонид Антиќ е член на Управен одбор на Fashion Group. Исклучително паметен, со лидерски карактеристики, секојдневно придонесува компанијата да оди чекор напред пред другите. Со него разговараме на многу теми поврзани за бизнисот, за приватноста, за животните предизивици…

ЖМ: Скоро две децении Fashion Group е една од водечките модни компании кај нас и пошироко. На што се должи успехот?

– Во ерата на хипер-конкуренцијата, успехот во корпоративниот свет и долгогодишната оддржливост во истиот се комплексна равенка со многу варијабли, но, верувам дека нашата успешна приказна најчесто се темели на три бедеми.

Првиот, е здравата корпоративна култура која ја дефинира и сочинува човечкиот фактор, нашите беспрекорно лојални и стручни тимови. Повеќе од 350 колеги кои својата работа ја извршуваат со апсолутна професионалност, посветеност и големо задоволство, како и 30 продавници и повеќе од 70.000 лојални корисници. Корпоративна култура која поттикнува работливост, транспарентност во комуникацијата, меритократски евалуации, емпатија, креативност, несебично споделување на корпоративното знаење и искуство, но, и непрестаен стремеж за континуирана надградба и достигнување на нови цели.

Вториот е ефикасната организација и контрола на секојдневните оперативни процеси која постојано го следи актуелниот технолошки стандард. Во свет кој е се повеќе дигитализиран и се побрз, а „retail fashion“ сегментот е олицетворение на овој нов дух. Оперативните одлуки се носат во се помал временски рок, податоците се со растечки обем, а барањата на клиентите се поперсонализирани. За да се одговори на овие предизвици, но и за да се следи објективно квалитетот на работата е неопходна адекватна методологија на следење, која секогаш се трудиме да е поддржана од најновите технолошки унапредувања.

Третиот се сите надворешни соработници на Fashion Group групацијата, кои неуморно и долгогодишно ги подржуваат нашите напори, и се сопатници во нашата успешна, 20-годишна приказна.

Трите, се взаемно инклузивни и неопходни. Корпоративната култура е „душата“ на компанијата која е еден збир на одредени колективни вредности кои се негуваат и поттикнуваат. Организацијата и систематизацијата пак, гарантираат одредено ниво на квалитет кое го испорачуваме сите овие години. Надворешните соработници ја комплетираат целокупната слика, надополнувајќи ги нашите капацитети секаде каде што е потребно.

ЖМ: Изминатите години поставивте навистина високи стандарди во retail секторот во Македонија… Како успевате да се задржите на врвот?

– Она што јас сум имал прилика да го посведочам од прва рака е постојан и силен стремеж на сопствениците кои во раните почетоци го предизвикуваат „status quo“-то. Успешното уривање на тогашните стигми дека модната индустрија кај нас нема потреба од развој или дека истиот не може да го издржи (економски/инфраструктурно) е воедно првиот чекор на Fashion Group, но и доказ дека навистина во Македонија оваа индустрија е значајна за популацијата.

Овој „mindset“ го наследуваат сите понатамошни генерации на наши колеги, и истиот се’ уште го материјализираат преку нивната работа. Поставениот стандард е висок, но еднакво е задоволството во работата како и желбата истиот да се задржи, но и надмине.

Секако, како што спомeнав погоре, визиите, идеите и креативниот ентузијазам не се доволни без ефикасна организација на работните процеси, нивното следење и на крај, адекватно уважување на квалитетно изработеното.

Целото интервју можете да го прочитате на Женски магазин

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026
Македонија

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил

14/02/2026
Македонија

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што

14/02/2026
Македонија

Колку навистина чини еден просечен викенд за македонско семејство?

14/02/2026
Македонија

НЕМА СКАНДАЛ БЕЗ ЗАЕВ И БЕЗ ФИЛИПЧЕ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

14/02/2026
Македонија

Станови од „злато“ – рекордни цени и бум на пазарот

14/02/2026
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41446
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави дека бројот на нови случаи на грип и заболувања слични на грип во периодот

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил 78 годишна жена од Челопек!

14/02/2026

На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане гo лишиле од

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што целосно исчезна од кошничката?

14/02/2026

Промените во цените, инфлацијата и навиките на потрошувачите значително ја трансформираа семејната потрошувачка во последните пет години. Анализата на движењата

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy