Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ПЛАЌААТ КАЗНИ, АМА НА ДЕЛОВНИТЕ ПАРТНЕРИ НАВРЕМЕ, НИКАКО – „фрчат“ глоби од пазарните инспектори за непочитување на Законот за финансиска дисциплина
Економија

ЌЕ ПЛАЌААТ КАЗНИ, АМА НА ДЕЛОВНИТЕ ПАРТНЕРИ НАВРЕМЕ, НИКАКО – „фрчат“ глоби од пазарните инспектори за непочитување на Законот за финансиска дисциплина

03/02/2023

AA

Ако за нешто најмногу казнува Државниот пазарен инспекторат, тоа е убедливо за непочитување на Законот за финансиска дисциплина во земјава.

Ова значи дека и покрај законот, и покрај силните контроли и казните, на македонските компании не им доаѓа памет и тие упорно должат многу подолго од законски предвидениот рок, што, пак, им носи големи казни, односно прекршочни налози.

Но, тоа како да не влијае врз нив, и тие продолжуваат долго да им должат на своите деловни партнери.

За тоа колку не се почитува Законот за финансиска дисциплина доволно говори фактот што во период од само една недела, односно од 16 јануари до 22 истиот месец годинава, Пазарниот инспекторат, од вкупно направени 709 инспекциски надзори, донел 122 решенија за неправилности кои биле „уловени“, а од нив дури 103 решенија се однесуваат токму на Законот за финансиска дисциплина.

Непочитувањето на Законот за финансиска дисциплина сочинува речиси половината од прекршочните платни налози кои ги издале државните пазарни инспектори, односно, ако во овој споменат период биле издадени 105 прекршочни налози, дури 43 од нив се однесуваат на Законот за финансиска дисциплина.

Од она што може да се заклучи од последното соопштение на ДПИ објавено на нивната веб страница, се гледа дека за споменатиот период од една недела, инспекторатот издал прекршочни налози на сума од 3,57 милиони денари, или 58 илјади евра. Па, ако се претпстави дека половина од нив се однесуваат на должење подолго од предвидното, би се извлекол заклучок дека само за една недела фирмите заради неппочитување на роковите платиле казни од околу 30 илјади евра, што секако, не мора да е точно, со оглед на различните казни за различни прекршоци по кои постапува ДПИ.

Како што е познато, на стартот кога се донесе Законот за финансиска дисциплина по него постапуваше Управата за јавни приходи, но потоа оваа обврска ја презеде Државниот пазарен инспекторат.

Инаку, Законот за финансиска дисдциплина предвидува приватните фирми да не смеат да доцнат со плаќањето повеќе од два месеци.

По исклучок, во деловната трансакција меѓу економските оператори од приватниот сектор може да се договори рок подолг од 60 дена, но не подолг од 120 дена, доколку постои изречна писмена согласност од двете страни и под услов тоа да не е значително нефер кон доверителот, стои во законот.

Глобата е 10.000 евра за прекршок на економски оператор од приватниот сектор – трговско друштво, трговец поединец и правно лице кое врши профитна дејност и е регистрирано согласно со закон, доколку не ја исполни паричната обврска во утврдените рокови. А глоба во износ од 30 отсто ќе му се изрече на одговорното лице во трговско друштво, или попрецизно кажано, на директорот на таа компанија.

А, Државниот пазарен инспекторат во споменатиот период делувал и по Законот за трговија, со кој се контролира работното време на трговските објекти или продавање алкохол на малолетници, за што се изречени девет прекршочни платни налози, како и по Законот за угостителска дејност, во однос на работното време на локалите, за што се заработени 21 прекршочен налог.

Во последниов перид ДПИ серизно постапува и по Законот за заштита од пушењето, за кој во споменатиот периоод „настрадале“ 20 угостителски објекти, односно заработиле прекршочни налози.

Се контреолирало и за други неправилност, но за нив се изречен помал број прекршочни платни налози.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy