Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ – еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)
Економија

„ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ – еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)

06/04/2025

AA

Секретарот за финансии Соединетите Американски Држави, Скот Бесент излезе со поддршка за претседателот Доналд Трамп и посочи дека САД би можеле да собираат тарифи од 300 до 600 милијарди долари годишно. 

Оваа бројка сугерира мала краткорочна промена во тарифните стапки објавени оваа недела, но може да помогне да се покријат трошоците за даночните намалувања што Конгресот ги разгледува.

„Ќе имаме значителен тарифен приход на почетокот“, рече тој во интервју за Такер Карлсон. Потоа, рече Бесент, „приходите од фабриките, од даноците на доход од сите нови работни места ќе се зголемат“.

Според него САД би можеле да придобијат меѓу 300 и 600 милијарди долари само од новите тарифи, додавајќи дека многу производи не се произведуваат во САД, и дека се увезуваат, а со тарифите очекуваат да имаат домашно производство.

– На почетокот ќе имаме силен инкам од тарифите, а потоа ќе се зголеми приходот од фабриките и данокот на приходи, но и од новите вработувања – објаснува Бесент кај Карлсон.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак го повика претседателот на Федералните резерви Џером Пауел да ги намали каматните стапки.

– Ова би било совршено време за претседателот на ФЕД Џером Пауел да ги намали каматните стапки. Секогаш ’доцни’, но сега можеше да го промени имиџот и тоа брзо – порача Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social.

Како причина за намалувањето ги наведе падот на инфлацијата и цените на енергијата и го оцени како „голема победа“.

– Цените на енергенсите се намалуваат, каматите се намалуваат, инфлацијата е намалена, дури и јајцата се намалени за 69 отсто, а работните места се зголемуваат, сето тоа во рок од два месеци. Голема победа за Америка. Намали ги каматите Џером и престани да играш политика – рече Трамп.

CNBC објави дека новата трговска политика на американскиот претседател може да биде пречка што ја спречува Федералните резерви да ги намали каматните стапки.

Новите царини би можеле да доведат до широко распространето зголемување на цените, макар и привремено, дополнително да го отежнат движењето на инфлацијата.

Пауел пак претходно предупреди дека Американците наскоро би можеле да забележат пораст на инфлацијата и невработеноста откако Трамп воведе реципрочни царини за повеќе земји.

Тој рече дека економијата е „сè уште стабилна“, но, како што рече, царините на Трамп може да предизвикаат „подолготрајни“ ефекти, како што се повисоки стапки на невработеност.

– Иако неизвесноста е сè уште висока, сега е јасно дека зголемувањето на царините ќе биде значително поголемо од очекуваното. Веројатно истото ќе важи и за економските ефекти, кои ќе вклучуваат повисока инфлација и побавен раст – рече претседателот на ФЕД.

Тој рече дека „обврска“ на ФЕД е да се погрижи „еднократното зголемување на нивото на цените да не стане постојан проблем“, предупредувајќи дека инфлацијата може да се зголеми „во наредните квартали“.

Еве го целото гостување на Бесент: 

Фото: Принтскрин/Јутутб

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три

19/02/2026
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41639
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три нови проекти

19/02/2026

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања.

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во општестевото, вели Николоски

19/02/2026

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy