Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ИМА НАДДАВАЊЕ: AEK ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор
Економија

ЌЕ ИМА НАДДАВАЊЕ: AEK ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор

27/05/2025

AA

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор поради голем интерес.

АЕК објави дека ќе распише јавен тендер со јавно наддавање за доделување радиофреквенции, откако добиле писма од три компании: ONE Македонија, Битстрим Мобиле и е& ППФ Телеком Груп.

Агенцијата појасни дека во сличен претходен случај постапила со цел да се ослободат фреквенции и да се заштити конкуренцијата, и дека така ќе делува и во иднина. Со ова се отвора можност за појава на трет мобилен оператор во Македонија.

ONE Македонија предложи измени во условите, вклучувајќи можност за плаќање на рати, попусти за нови оператори, ревидирање на обврските за 5G покриеност и одложување на почетокот на комерцијално работење. АЕК прифати дел од нив, меѓу кои е ревидирање на условот за 5G покриеност – сега се бара сите населени места да имаат 5G сигнал до 2032 година – и дозволи старт со мрежа во најмалку еден град до крајот на 2026 година.

Битстрим Мобиле изрази интерес за фреквенции што не беа опфатени со првичната намера, па АЕК најави дека ќе објави нова процедура за тие опсези.

Но, е& ППФ Телеком Груп оцени дека минималните надоместоци се преголеми, но АЕК објасни дека цените се одредени врз основа на анализа и нема можност за нивно намалување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

По 11 години ажурирана листата на есенцијални лекови – додадени

10/09/2026
Македонија

Пад на градежната активност: Во јули издадени 367 одобренија за

10/09/2026
Македонија

Ангелов: Премногу исечена вегетација го отежнуваше гаснењето кај Селци и

10/09/2026
Македонија

Клековски: Стивнува епидемијата на западнонилска треска, шест пациенти на Инфективна

10/09/2026
Македонија

Над 500 семејства добија ваучери за инвертер клими

10/09/2026
Македонија

Митева: Парите за 35 години независност не се директно од

10/09/2026
Македонија

Гостиварец физички нападнал 12-годишно дете, поднесена кривична пријава

10/09/2026
Македонија

Мицкоски одговори на опозициските критики: Животниот стандард е подобар, следуваат

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45609
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

По 11 години ажурирана листата на есенцијални лекови – додадени 193 нови терапии

10/09/2026

По повеќе од една деценија, здравствениот систем добива нова листа на есенцијални лекови, со која значително се проширува опфатот на

Пад на градежната активност: Во јули издадени 367 одобренија за градење

10/09/2026

Градежната активност во јули бележи пад во однос на истиот месец лани. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека

Ангелов: Премногу исечена вегетација го отежнуваше гаснењето кај Селци и Локов

10/09/2026

Гаснењето на пожарот во реонот на Селци и Локов било особено отежнато поради големото количество сува и исечена вегетација на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy