Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ИМА НАДДАВАЊЕ: AEK ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор
Економија

ЌЕ ИМА НАДДАВАЊЕ: AEK ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор

27/05/2025

AA

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор поради голем интерес.

АЕК објави дека ќе распише јавен тендер со јавно наддавање за доделување радиофреквенции, откако добиле писма од три компании: ONE Македонија, Битстрим Мобиле и е& ППФ Телеком Груп.

Агенцијата појасни дека во сличен претходен случај постапила со цел да се ослободат фреквенции и да се заштити конкуренцијата, и дека така ќе делува и во иднина. Со ова се отвора можност за појава на трет мобилен оператор во Македонија.

ONE Македонија предложи измени во условите, вклучувајќи можност за плаќање на рати, попусти за нови оператори, ревидирање на обврските за 5G покриеност и одложување на почетокот на комерцијално работење. АЕК прифати дел од нив, меѓу кои е ревидирање на условот за 5G покриеност – сега се бара сите населени места да имаат 5G сигнал до 2032 година – и дозволи старт со мрежа во најмалку еден град до крајот на 2026 година.

Битстрим Мобиле изрази интерес за фреквенции што не беа опфатени со првичната намера, па АЕК најави дека ќе објави нова процедура за тие опсези.

Но, е& ППФ Телеком Груп оцени дека минималните надоместоци се преголеми, но АЕК објасни дека цените се одредени врз основа на анализа и нема можност за нивно намалување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Автомобил излетал од коловозот во тетовско, повредено 17-годишно девојче

12/02/2026
Македонија

Опожарени три возила во Скопје – едно лице повредено

12/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ТРЕНДАФИЛОВ Лидерот на

12/02/2026
Македонија

Полицијата уапси 15 возачи кои управувале возило без возачка дозвола

12/02/2026
Македонија

Меџити го нарече Таравари „министер за канабис“, Таравари најави тужба

12/02/2026
Македонија

АДВОКАТИ НА ЗАЕВ ГИ УБЕДУВАЛЕ ОБВИНИТЕЛИТЕ ДА УКИНУВААТ ПРИТВОРИ Манасиевски

12/02/2026
Македонија

Трендафилов: Ако не се зголемат платите, следува генерален штрајк

12/02/2026
Македонија

ПОД ЛУПА 43 ЛИЦЕНЦИ Почна проверка на сите производители на

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41375
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Автомобил излетал од коловозот во тетовско, повредено 17-годишно девојче

12/02/2026

На 11.02.2026 во 19:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово-с.Требош, тетовско, патничко возило „форд фокус“

Опожарени три возила во Скопје – едно лице повредено

12/02/2026

На 12.02.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во гаража во с.Батинци,скопско, опожарени се три патнички возила

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ТРЕНДАФИЛОВ Лидерот на Синдикатот си ги злоупотребил децата

12/02/2026

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ѝ даде поддршка и ги осуди нападите врз својата колешка и заменик-координаторка Дафина Стојаноска

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy