
ЌЕ ФАЛАТ 10 МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ: Во уште седум европски држави населението старее
Во уште седум европски држави ќе фалат работници во иднина. Во Централна и Источна Европа ќе недостасуваат дури 10 милиони работници.
Седум држави од Централна и Источна Европа, вклучени во анализата на Ерсте Груп, ќе се соочат со намалување на бројот на работоспособно население за околу 10 милиони до 2050 година. Тоа ќе биде проблем за пазарот на трудот и економијата.
До 2050 година, работоспособното население во Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија ќе се намали за околу 10 милиони луѓе, пишува Forbes Croatia, пренесува Bankar.me.
Ќе има 47 милиони работоспособни луѓе на возраст од 15 до 64 години наспроти 57,8 милиони колку што биле лани. Тоа е намалување од 18 проценти во следните две и пол децении.
Паралелно се зголемува населението над 65 години. До 2050 година во таа група ќе има 23,3 милиони луѓе, а сега ги има 17,7 милиони. Повеќе развиени европски земји веќе го имаат истиот проблем.
foto freepik.com
