Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе добие ли Скопје бесплатен превоз?
Македонија

Ќе добие ли Скопје бесплатен превоз?

04/08/2023

AA

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, во вечерашното гостување на Канал 5, на прашање од граѓаните во однос на тоа дали ќе има бесплатен јавен превоз во главниот град, рече дека тоа е директно поврзано со набавката на 250 нови автобуси и дека треба да го гласаат советниците од градскиот Совет.

– Бесплатниот јавен превоз е нешто што е директно поврзано со набавката на 250 нови автобуси за нашите жители, затоа што не можете да воведете бројни нови линии, не можете да направите таква инфраструктура и тоа што е неопходно за нашите жители доколку немате соодветни превозни средства со коишто би требало да се имплементира бесплатниот јавен превоз, истакна Арсовска.

Таа рече дека тоа треба да го гласаат советниците на Градот Скопје, не само за автобусите, туку и за бесплатниот јавен превоз, но ја спомна и поддршката што треба да ја дава и централната власт.

– Замислете се дотирале два милиони во времето на ковид кризата кога не се употребувал толку јавниот превоз, се давале по пет, по шест милиони од страна на централната власт како дотација, за да може тој да биде функционален. Овие се средства коишто се предвидени за реализација на овој проект, затоа што јавното градско претпријатие мора да функционира базирано врз одржување коешто ќе биде финансирано од страна на Градот. Тој нема сопствени средства од каде да генерира, а ако не бидат истите наплаќани од граѓаните, и покрај тоа што имаме меѓу најниските тарифи за јавен превоз во овој дел од светот, сепак за да го воведеме бесплатниот јавен превоз, тоа треба да го покрие Градот и да биде соодветно буџетирано, а советниците треба да го изгласаат, нагласи градоначалничката на Град Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРИТИЧНО НИЗ ПОЛОГ: Поплавени куќи, падна потпорен ѕид врз куќа,

16/02/2026
Македонија

ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД ВРЗ КУЌА ВО ТЕТОВО, ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА

16/02/2026
Македонија

Скопјанец ги нападнал мајка му и сопругата, користел и остар

16/02/2026
Македонија

Црвен крст на терен, во Кичево штета има во 362

16/02/2026
Македонија

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И

16/02/2026
Македонија

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една

16/02/2026
Македонија

Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

16/02/2026
Македонија

„Не верувајте на шпекулации“ – Министерство за транспорт: Македонија води

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41521
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРИТИЧНО НИЗ ПОЛОГ: Поплавени куќи, падна потпорен ѕид врз куќа, се појавија големи свлечишта, блокирани

16/02/2026

Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар бележат

ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД ВРЗ КУЌА ВО ТЕТОВО, ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА ПОПОВА ШАПКА, ВАРДАР СЕ ИЗЛЕА

16/02/2026

Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, во Тетобско и во Гостиварско има поголем број интервенции поради

Скопјанец ги нападнал мајка му и сопругата, користел и остар предмет!

16/02/2026

На 15.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Е.(34) од Скопје, постапувајќи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy