Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе бидат ли и министри повикувани на одговорност за изјавите против рудникот „Иловица“!?
Македонија

Ќе бидат ли и министри повикувани на одговорност за изјавите против рудникот „Иловица“!?

29/07/2023

AA

Покрај арбитражна постапка против државата, и индивидуални лица би можеле да бидат предмет на директна правна постапка доколку се покаже дека новата владина одлука за повлекување на одлуката за спојување на концесиите за рудникот „Иловица – Штука“ била донесена спротивно на законите или е политички мотивирана, се вели во информацијата која компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ ја доставила  до Берзата во Торонто, Канада каде котира компанијата.

Компанијата во дописот најавува дека ќе побара повторно од Владата да го преиспита спојувањето, но најавува и други можни правни разврски меѓу кои и меѓународна арбитража и постапки против поединечни лица.

„Иако непоколеблив приоритет за Компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови Компанијата веќе има дадено Формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, или е политички мотивиранa“, се вели во информацијата од Еуромакс објавена денеска.

Компанијата во соопштението наведува дека одлуката е донесена без правна основа.

„Ваквата нова одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено Спојувањето“, се вели во информацијата од Еуромакс објавена на Берзата во Торонто.

На повлекувањето на одлуката за спојување на концесиите покрај протестот организиран од активистите кои се противат на отворањето на рудникот, претходеа и изјави на дел од министрите во Владата дека тие се лично против отворање на рудник во Иловица. Дека нивните изјави, но и стенограмите од владината седница на која што се носеа одлуките, може да бидат употребени во правни постапки против државата предупреди и министерот за економија, Крешник Бектеши на прес конференцијата по одлуката за повлекување на спојувањето на концесиите. Па, оттаму се поставува и прашањето дали најавата за постапки и против индивидуални лица ги опфаќа и министрите кои во медиумите дадоа изјави дека се против изградба на рудникот без притоа да имаат аргументација зошто ја оспоруваат инвестиција и покрај бројните позитивни мислења дадени од надлежните институции во изминатиот години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три пожари за неколку часа во Струмица

18/02/2026
Македонија

48 часа притвор за двајца осомничени за запленетата марихуана во

18/02/2026
Македонија

ОДЛОЖЕНО УТРЕШНОТО РОЧИШТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ Обвинетиот

18/02/2026
Македонија

Собранието ги констатираше оставките на Марко Бислимоски и Цвета Ристовска

18/02/2026
Македонија

Уапсен Американец кај наплатна станица Демир Капија, приложил сообраќајна и

18/02/2026
Македонија

СДСМ: Откако Мицкоски се откажа од нов авион, парите да

18/02/2026
Македонија

Без паника: Ќе има вежба за евакуација во охридското училиште

18/02/2026
Македонија

АМЕРИКАНЕЦ НАПАДНА ПОЛИЦАЈЦИ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Одбил да даде документи,

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41615
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три пожари за неколку часа во Струмица

18/02/2026

Територијалната противпожарна единица од Струмица уште од рано изутрина беше мобилизирана на повеќе локации. Најсериозниот пожар бил регистриран во излетничката населба Суви

48 часа притвор за двајца осомничени за запленетата марихуана во Србија

18/02/2026

По предлог на обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на две лица им е одреден

ОДЛОЖЕНО УТРЕШНОТО РОЧИШТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ Обвинетиот Гроздан Милковски се лекува во

18/02/2026

Расправата за предметот „Кочани“ за пожарот во дискотеката „Пулс“, насрочена за утре, 19.2.2026 година, се одлага поради влошената здравствената состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy