Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ЈА ЗАЦВРСТИМЕ ПОБЕДАТА И ЌЕ ГО ТРАСИРАМЕ ПАТОТ ЗА ИДНИНАТА Пратеничката Стојаноска за претстојниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

ЌЕ ЈА ЗАЦВРСТИМЕ ПОБЕДАТА И ЌЕ ГО ТРАСИРАМЕ ПАТОТ ЗА ИДНИНАТА Пратеничката Стојаноска за претстојниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

05/12/2025

AA

Дафина Стојаноска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,За или против” на телевизија Алфа, каде зборуваше за подготовките, значењето и очекувањата од претстојниот 18. Конгрес на партијата, кој ќе се одржи утре. Таа истакна дека Конгресот има особено важна улога, како највисоко партиско тело, и дека ќе биде посветен на зацврстување на политичката победа и идната Стратегија Македонија 2030 на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е редовен Конгрес којшто се одржува во нашата партија, според статутот, на секои 4 години. Вкупно делегати и гости очекуваме некаде 2.600 да бидат присутни на овој конгрес. Ќе се одржи во Кавадарци во спортската сала ,,Мито Хаџивасилев – Јасмин”, заради бројноста мораше таков објект да избереме – рече Стојаноска.

Таа додаде дека организациските подготовки се при крај и дека се е подготвено пред почетокот на Конгресот.

– Го избравме Кавадарци како град, кадешто досега ВМРО-ДПМНЕ нема одржано Конгрес. Сакавме да биде така, и јас би го прогнозирала како еден празничен ден за партијата и за сите членови, Конгресот е највисокото наше партиско тело – вели Стојаноска.

Пратеничката истакна дека кандидат е актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а и дека пракса е на секој Конгрес да се усвои стратешки документ. Стојаноска истакнува дека очекува Конгресот да ја зацврсти големата победа од 2024 година и локалните избори годинава, а новата стратегија ,,Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030″, ќе биде насочена кон продолжување на тој успех.

– Ова ќе биде негов трет мандат, како претседател на партијата, и да веќе е пракса воведена на секој Конгрес да усвојуваме и по еден стратешки документ. Сега веќе во улога на партија која што е на власт од 2024 година, парламентарните избори – нагласи Стојаноска и додаде:

– Очекувам едноставно само да се зацементира она, за што ние пред 2024 година жестоко се боревме. Најголемата победа беше во 2024 година, на било кои парламентарни избори досега. Истото се случи и со последниве локални избори. Во таа насока ќе се движи и стратегијата која што ќе ја усвоиме како конгресен документ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
Македонија

Одложени блокадите на границите кон Македонија: Бугарија бара дијалог наместо

19/06/2026
Македонија

Времето стабилно за викендов – попладне нестабилност со пороен дожд

19/06/2026
Македонија

Секторот игри на среќа алармира: Новиот предлог-закон е „политички популизам“

19/06/2026
Македонија

Повреден риболовец со харпун во Охридското Езеро

19/06/2026
Македонија

Промени во изгледот на полицајците: Дозволени уредни бради и тетоважи!

19/06/2026
Македонија

Почина уште едно обвинето лице за трагедијата во Кочани

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43829
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички од Општина Струмица

19/06/2026

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против две службени лица од Струмица поради сомнение за сторено

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026

По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил

Одложени блокадите на границите кон Македонија: Бугарија бара дијалог наместо тензии

19/06/2026

Бугарија испрати порака против најавените блокади на граничните премини кон Македонија, оценувајќи дека ваквите активности би можеле да имаат негативен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy