
Две жртви во сообраќајната несреќа на патот Охрид-Ботун
Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Охрид-Ботун, при што едно возило излетало од патот и завршило во реката. Неофицијално загинати се две лица. Надлежните служби се на терен и вршат увид, а спасувачките екипи работат на извлекување на возилото од водата. Причините за несреќата сè уште не се познати.