
Две лица загинаа во поплавите во Австралија – над 500 спасени
Две лица загинаа, а две се водат за исчезнати во поплавите што ја погодија Австралија, соопштија денеска властите во таа земја.
Поплавите што ја зафатија областа на Нов Јужен Велс, северно од Сиднеј, беа предизвикани од големи количества дожд што паѓа од вторник, потсетува АП.
Според властите, повеќе од 500 луѓе биле спасени за време на поплавите, кои ги надминале претходните рекорди од 1921 и 1929 година.