
Две лица физички нападнале 25-годишно момче и неговата девојка во Кисела Вода
Ноќеска во скопската општина Кисела Вода се случил инцидент во кој две лица физички нападнале 25-годишник кој бил со својата девојка.
Според соопштението на полицијата, на 6 декември 2025 година околу 03:00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода М.М. (20) од Скопје, поради тоа што околу 00:30 часот заедно со М.Д. (20) и Д.О. (19) физички го нападнале М.М. (25) од Пробиштип и неговата девојка.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

