
ДВЕ ГРЧКИ СЕЛА ТРЕБА ДА СЕ ЕВАКУИРААТ: Ова е најголемиот пожар во историјата на ЕУ
И натаму беснеат пожари во Грција и тоа се најголемите во историјата на ЕУ.
Ситуацијата во областа Еврос во североисточниот дел на Грција и понатаму е тешка и надвор од контрола, со оглед на тоа што денеска имаше одново разгорувања и од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за евакуација до жителите на две села.
Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА и покрај големиот број пожарникари кои од копнено и воздух се обидуваат да се справат со огнената стихија, гаснењето го отежнува ветрот кој го променил правецот.
На терен се 475 пожарникари со 100 возила, 16 пешадиски тима, 11 авиони и седум хеликоптери, меѓу кои и противпожарни сили од Кипар, Германија, Бугарија, Србија, Франција, Чешка, Романија, Словачка и Албанија. Пожарот е активен веќе 12 дена, а заклучно со вчера изгореле 81.260 хектари површина. Чадот прво го почувствуваа во северна Африка, а потоа и во Италија.
BREAKING: Current Greece fire is the biggest wildfire ever recorded in the European Union. pic.twitter.com/CZ8zo7oC1f
— The General (@GeneralMCNews) August 29, 2023