Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина филмологот и филмска критичарка Илинденка Петрушева
Македонија

Почина филмологот и филмска критичарка Илинденка Петрушева

05/09/2025

AA

Еден од столбовите на македонската филмска наука, пионерската филмолог и неуморен хроничар на филмската историја, Илинденка Петрушева, почина денеска во Скопје на 81-годишна возраст, оставајќи зад себе капитално дело кое трајно го задолжи македонското културно наследство.

Нејзиното име е впишано во темелите на најзначајните филмски институции во земјава. Во 1974 година, таа беше еден од основачите на Кинотеката на Македонија, каде го помина својот работен век истражувајќи ја македонската филмска историја. Нејзиниот визионерски дух е вграден и во создавањето на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, а нејзините почетоци како културен деец датираат уште од 1972 година, кога стана прв уредник на филмската програма во Младинскиот културен центар (МКЦ). Нејзината посветеност се огледа и преку лидерските позиции во Кино-сојузот на Македонија и Сојузот на филмските критичари на СФР Југославија.

Зад себе остави и богат авторски опус. Покрај повеќе од 300 рецензии и стручни текстови објавени во домашни и меѓународни списанија, таа е авторка на клучни книги за разбирање на филмот кај нас, како што се „Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“, „Само сонот е стварност“, студијата за аматерскиот филм „Време на игри и соништа“ и многу други. Како уредничка на списанието „Кинопис“, таа постави високи стандарди во филмската теорија и критика.

За нејзиниот севкупен придонес, Петрушева беше наградена со највисокото признание на Кинотеката, „Златен објектив“. Нејзината љубов кон филмот продолжува да живее и преку нејзините деца, кинематограферот Бранд Феро и филмската работничка Алисија Феро.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy