Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Две години мандат: Данела ги извози скопјани, нема бесплатен превоз ниту нови автобуси и булевари
Македонија

Две години мандат: Данела ги извози скопјани, нема бесплатен превоз ниту нови автобуси и булевари

27/11/2023

AA

Отвореност беше првата точка во изборната кампања на градоначалничката Данела Арсовска. Но, после две години мандат Арсовска е нетранспарентната градоначалничка, а Град Скопје најмалку отворен во неговата досегашната историја.

„Отвореност-одлуките ќе ги носиме сите заедно. Нема повеќе политиканти, експерти ќе решаваат како да се справиме со предизвиците. Преку дигитални решенија, градот брзо ќе се поврзува со своите скопјани да им помогне при решавањето на проблемите, со гаранција за транспарентност и отчетност во работата, ќе ги заштитиме правата на граѓаните со градски Омбудсман. Сето тоа заедно во партнерство со скопјани“, стои на првата страница во изборната програма „За модерно Скопје“, со која Арсовска победи на локалните избори пред две години и на 8 ноември 2021 година седна на градоначалничкото столче како прва жена градоначалничка.

По две години мандат Арсовска ниту е отворена ниту се реализирани клучните проекти од изборната програма. Градоначалничката не свикува прес-конференции, не одржува брифинзи со новинари, ниту писмено одговара на новинарски прашања. Не се појавува на седници на Советот на Град Скопје, а бара да се гласаат одредени точки кои таа ги предлага. Не одговара на советнички прашања на советници, кои се поставени од граѓаните. Не се појавува ниту на настани на кои ќе има новинари, туку сама се слика и објавува слики на својот Фејсбук профил. Арсовска немаше отчет ниту за двегодишното работење иако тоа го најави во емисија на телевизија.

Во емисијата таа рече дека од програмата има реализирано над 50%.

Главните проекти со кои ги доби изборите бесплатен автобуски превоз и 250 нови еколошки автобуси не се реализирани, а најверојатно и нема да се реализираат.

Во изборната програма на Арсовска има 15+1 приоритетни проекти за Скопје, но од нив реализиран целосно е само еден, односно ја намали цената за паркирање за 25 отсто. Пред еден месец почна со уредување на зелен коридор на реката Серава, додека за Лепенец како што вети во програмата нема никаква активност. Арсовска вети дека ќе ги исчисти дивите депонии уште во првите 82 дена, но во Скопје не само што има повеќе диви депонии туку и целиот град е валкан и затрупан во ѓубре.

Дел од проектите на Арсовска во изборната програма „За модерно Скопје“.

1.ПЕТ НОВИ МЕГА ПАРКОВИ ВО СКОПЈЕ-Изведен е само еден парк.
Ветување: На 5 локации во градот кои веќе се определени, во Гази Баба, Чаир, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров, предвидуваме создавање паркови по примерот на Градскиот парк.

Реализација: Досега изведен е само паркот во Општина Ѓорче Петров, населба Даме Груев, но по својата површина не е ниту приближно голем колку Градски парк.

2. БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ-Не е реализирано

Ветување: Сообраќајниот хаос во Скопје ќе биде минато доколку имаме лесно достапен и бесплатен јавен превоз. Предвидуваме целосно бесплатен квалитетен јавен градски автобуски превоз што ќе се реализира етапно во период на прилагодување. Скопјани тогаш ќе имаат еколошка алтернатива на автомобилите и ќе знаат да го направат вистинскиот избор.

Реализација: Во Скопје не само што нема бесплатен автобуски превоз туку јавниот превоз е во хаос. Нема доволно автобуси на улиците, на станиците се чека автобус по половина час и повеќе, а кога ќе пристигне е преполн со патници, па дел од граѓаните не може да се качат во возилото. На 20 октомври лани Скопје за прв пат остана без јавен превоз откако шоферите протестираа и не возеа бидејќи не им беше исплатена плата. Арсовска ги исклучи од јавниот превоз лани во декември приватните превозници, па во Скопје настана хаос, немаше автобуси бидејќи ЈСП „Скопје“ не можеше да ги покрие сите линии на приватниците.

5 НОВИ БУЛЕВАРИ ВО СКОПЈЕ-Не е реализирано

Ветување: Доколку сакаме модерен и урбан град, со намалена бучава и истовремено со грижа за своите граѓани и стопанството, наша обврска е да инвестираме во брзи конекции помеѓу главните населени места во градот. Затоа предвидуваме отпочнување на изградба на булевар Хрватска (во соработка со централната власт), продолжување на булевар Борис Трајковски до Драчево, продолжување на булевар Словенија до Ѓорче Петров, како и продолжување на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ до кракот со бул. Ѓорче Петров со 4 ленти. Предвидуваме и подземни сообраќајници под кружниот тек кај Нова Македонија со влез од кај Кисела Вода и излез кон кружниот тек кај Католичката црква.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy