Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Две деца добија нов живот со коскени трансплантати – успешни ортопедски интервенции
Македонија

Две деца добија нов живот со коскени трансплантати – успешни ортопедски интервенции

06/12/2025

AA

Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција и пациентката се врати на вообичаените активности. Операцијата ја предводеа науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, со тим составен од д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарките Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошкиот техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска.

Втората трансплантација е направена кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото. Пациентот е испишан во добра состојба и го очекува рехабилитација. Тимот го предводеше проф. д-р Зоран Божиновски, со анестезиолог д-р Ивана Крстевска Трпковска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Искра Шојлеска Јовановска. Во интервенцијата учествуваа и средно-медицинскиот кадар: Злата Апостолоска, Кристина Реџеп, Ширете Муртезани, Крешник Шеху и Снежана Тодоровска.

Користењето кадаверични коскени трансплантати има огромно значење во детската ортопедија – се избегнува нова хируршка рана, болка и дополнителна деформација, а интервенциите се побезбедни и пократки.

„Донорството спасува и менува животи. Благодарение на семејствата кои даруваат и на тимовите кои посветено работат, денес имаме две млади лица кои добиваат шанса за подобар и побезболен живот,“ вели националниот координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска.

Изразуваме искрена благодарност до двата медицински тима и до семејствата на донорите за нивната хуманост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Без вода утре дел од централното подрачје на Скопје

06/12/2025
Македонија

ЖЕНА ПРЕГАЗЕНА НА УЛИЦА ВО КАВАДАРЦИ Пренесена е во болница

06/12/2025
Македонија

Водата во Кавадарци заматена поради обилните дождови, потребно превривање

06/12/2025
Македонија

Орбан упати честитки до ВМРО-ДПМНЕ: „По години опозиција, денес сте

06/12/2025
Македонија

ПРЕКУ ФЕЈСБУК ПОВИКУВАЛ НА УБИСТВО НА Д.Ј. ОД КОЧАНИ Доби

06/12/2025
Македонија

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал со мобилен телефон,

06/12/2025
Македонија

ЈА ПРИСИЛИЛ НА СЕКС, ЈА СНИМАЛ, ПА ЈА УЦЕНУВАЛ Маж

06/12/2025
Македонија

Две лица физички нападнале 25-годишно момче и неговата девојка во

06/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38583
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Без вода утре дел од централното подрачје на Скопје

06/12/2025

Утре, од 7:00 часот, корисниците од објектите МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ –

ЖЕНА ПРЕГАЗЕНА НА УЛИЦА ВО КАВАДАРЦИ Пренесена е во болница со тешки повреди

06/12/2025

Педесет и двегодишната К.Е. од селото Марена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што попладнето се случила на улицата „Шишка“

Водата во Кавадарци заматена поради обилните дождови, потребно превривање

06/12/2025

Ј.П. „Комуналец“ Кавадарци информира дека водата од градскиот водовод е заматена поради обилните врнежи што ги зафатија изворите Лукар. Од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy