
Два земјотреси ја потресоа Македонија
Два земјотреси ја потресоа вечерва територијата на Македонија. Земјотресите се со јачина од 2,1 и 2,2 степени по Рихтер. Епицентрите се 13 километри североисточно од Демир Капија, односно 12 километри северно од Берово. И на двата земјотреси длабочината е 5 и 10 километри.
