
ДУШАН АДАМОВИЌ ГИ ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ ДА БИДЕ КОНЗУЛ Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека него го предложил амбасадорот кој го именувал СДСМ

Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДСM и ДУИ и ги исполнува сите критериуми за дипломат, одговори ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ и близок со Александар Вучиќ.
Од партијата забележуваат дека „партијата на (Зоран) Башановиќ, СДСM“ треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија.
-Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДСМ е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
.
