Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУРИ 36 ОТСТО ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ГО НАМАЛИЛЕ ПРОИЗВОДСТВОТО: Еве што очекуваат во иднина
Економија

ДУРИ 36 ОТСТО ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ГО НАМАЛИЛЕ ПРОИЗВОДСТВОТО: Еве што очекуваат во иднина

19/12/2023

AA

Само 43 отсто од странските инвеститори кои веќе инвестирале кај нас би се одлучиле повторно тоа да го направат по првпат во земјава. Како најголема предност за тоа ги истакнуваат ниските даноци  и поволната деловна клима, додека за дел од нив добро влијаат и ниските производни трошоци, достапноста на квалификувана работна сила, политичката стабилност и добрата инфраструктура.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата „Бизнис инвестициски индикатор“ што ја спроведе Советот на странски инвеститори во периодот од 20 ноември до 12 декември кај инвеститорите кои вработуваат 38.000 граѓани и во минатава година направиле обрт од 7,7 милијарди евра.

Од нив, како што кажа претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо, 45 отсто го зголемиле нивното производство во 2022 година, 36 отсто го намалиле, а кај 19 отсто останало исто. Дури 37 отсто од нив не се задоволни со постојната инфраструктура, 50 отсто се делумно задоволни, а само 10 отсто се целосно задоволни.

– Малку над половина од анкетираните компании или 53 отсто имаат позитивни очекувања од членството на земјава во Европската унија бидејќи ќе имаат пристап кон поголем пазар и ќе ги нема царинските процедури. Дури 13 проценти имаат негативно размислување или очекување бидејќи ќе има многу поголем притисок од гледна точка на конкурентноста, но дополнително очекувањето е дека драстично ќе се намали или исели работната сила. Околу една третина од компаниите или 32 отсто немаат никакви очекувања или не очекуваат дека влезот во ЕУ ќе се случи во догледен период и заради тоа не е влезено во нивното бизнис планирање, рече Мизо на денешната презентација на резултатите од анкетата.  

Компаниите како најголем проблем го истакнуваат недостатокот на доволно едуцирани кадри, владеењето на правото и правната држава и корупцијата. Од компаниите дури 90 отсто се соочиле проблем да најдат соодветен кадар особено инженерски и технички кадар. За тоа, според нив, главен проблем е емиграцијата,  недоволниот интерес за работа во индустријата и недоволното практично искуство.

– Во речиси секоја компанија има зголемување на платите од 10 до 20 отсто заради инфлацијата и зголемената конкуренција на пазарот на трудот. Посебен проблем им се кадрите од ИТ секторот кои најчесто работат за познати странски ИТ компании поради што не се заинтересирани да работат кај домашните инвеститори, рече Мизо.

Странските инвеститори, како што кажа, сугерираат да има пофреквентна комуникација, состаноци и посети на компаниите; луѓето кои се задолжени да работат со нив да имаат знаење, искуство за различни индустрии и да ги знаат глобалните стандарди; навремено да се апдејтираат сите промени на регулативите поврзани со случувањата на  пазарот, како и мониторирање и брзо решавање на проблемите; да има транспарентност и дијалог пред да се донесат законски регулативи кои влијаат врз работењето на компаниите; зголемена координација меѓу институциите.

– Како најголеми ризици за бизнисот во 2024 година анкетираните компании ги посочуваат недостатокот на работна сила, инфлацијата, неконзистентноста на економските политики, растот на цената на енергенси и корупцијата, прецизира Мизо.

Како најважни приоритети на кои треба да се фокусираат државните институции во следните 12 месеци, додаде, компаниите ги посочуваат подобрувањето на инфраструктурата, примената на најновите меѓународни сметководствени правила и стандарди и ревидирање на договорите за државна помош поврзани со оправдани инвестициски трошоци, како и усогласување на царинските стапки за увоз на производи кои доаѓаат од трети земји и да нема дополнителни бирократски бариери. Бараат и олеснување на правилата и постапките за влез и работа на странски државјани, како и подобрување на услугите за постојните инвеститори.

– Од анкетираните компании половина на еден или друг начин добиваат државна помош, а 39 отсто од нив имаат реализирано нова инвестиција во последните четири години. Околу две третини од компаниите сметаат дека правилата кои се поврзани со државна помош или не се доволно објаснети или не е лесно за нив да ги разберат. Тоа значи дека треба да има поедноставување и подобрување на процесот за државна помош и да има унифициран став на сите даватели на државна помош што е оправдан инвестициски трошок и сите да работат по исти правила и стандарди. Се бара да се намали и административната бирократија и времето на одговарање, како и државната помош де се адаптира врз основа на пазарните услови и барањата на пазарот, посочи Мизо.

Нагласи дека три четвртини од анкетираните компании сметаат дека е потребен нов пакет на финансиска помош за компаниите во постојната економска состојба за да се задржи бројот на вработени, за да се зголемат платите и да се дадат поголеми можности за финансирање и за заеми во стопанството.

– Компаниите најчесто се во контакт со економскиот тим на Владата, пред се со Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, со Дирекцијата за ТИРЗ, со УЈП, а најпозитивно ја  оценуваат работата на Царинската управа зашто во најголем број на случаите им излегла во пресрет во решавањето на проблемите со кои се соочуваат странските компании. Најчесто ги прашуваат институциите за државната помош, даноците, царинските процедури или висината на царинските стапки и се што е поврзано со инфраструктура, истакна Мизо.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ ЗАБРАНА…  Полицијата привела уште 10

15/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи затоа што управувале

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој ќе добие и резиденција во

15/02/2026

Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид премина во надлежност на поглаварот – архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и тој

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy