Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ: Мицкоски да каже: Зошто повикува на војна?
Македонија

ДУИ: Мицкоски да каже: Зошто повикува на војна?

28/02/2023

AA

Изолираниот и осамениот антиНАТО и антиЕУ, истовремено и антиалбанец според неговите ставови и одлуки, претседател на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски одбива и избегнува да се изјасни: Зошто им забранил на неговите градоначалници да соработуваат со Албанци, зошто издал наредба да не се издаваат потврди за легализација на Албанци од страна на неговите градоначалници, зошто издал наредба да не се даваат дозволи за градба за компании чиј сопственик е Албанец, и зошто тој и неговите сопартијци повикуваат на војна против Албанците во 2023 година?, прашуваат од ДУИ.

“Објавувањето на фотографија во маскирна униформа и со празен калашников беше предвесник на долго планираната кампања со најави за војна од страна на ВМРО ДПМНЕ и барање на 61 пратеник да не бидат ‘условени‘ од Албанците, слично како Никола Груевски своевремено, и го поттикна говорот на Александар Николовски во Собрание во кој што наведеува дека Македонците ќе се кренат во 2023 година“, истакнуваат од партијата на Ахмети.

Ова, како што велат од таму, е скандалозно однесување од неодговорни предводници на ВМРО ДПМНЕ и треба да се осуди од сите, вклучително и од медиумите, цивилното општество, академската заедница, и сите партии кои што се залагаат за Европска Македонија, членка на НАТО, со еднакви граѓани и во одличен соживот помеѓу сите заедници, мир, стабилност и безбедност, како и економски развој.

Денес, додаваат од ДУИ, сите партии освен Левица, се дистанцираат од ВМРО ДПМНЕ на Мицкоски и неговиот коалиционен капацитет е еднаков на НУЛА и тоа предизвикува нервоза.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy