Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДСЗИ: Времено затворени кујните во шест училишта во Карпош
Македонија

ДСЗИ: Времено затворени кујните во шест училишта во Карпош

10/11/2023

AA

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот инспекциски надзор поради појава на салмонела ги затвори училишните кујни на училиштата „Војдан Чернодрински“, „Јан Амос Коменски“, „Братство“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“, како и централниот магацин од каде се дистрибуираат прехранбените продукти. Забраната за работа на училишните кујни, како што се додава во соопштението, ќе важи до отстранување на наложените санитарно – хигиенски и противепидемиски мерки.

– Заклучно со вчера, според добиениот податок од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје пријавени се вкупно 12 ученици со симтоми – стомачни тегоби и покачена телесна температура со докажан причинител – бактерија салмонела. Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со решение, времено се затворени кујните во сите шест посетени основни училишта, како централниот магацин од каде се дистрибуираат прехранбените продукти, се наведува во соопштението.

Забраната за работа на училишните кујни, како што се додава, ќе важи до отстранување на наложените санитарно – хигиенски и противепидемиски мерки, што опфаќаат генерално механичко чистење на просторот и опремата, вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена установа како и до добивање на негативни резултати од земените брисеви од работните површини и опремата.

– Постапувањето по добиените резултати од земените примероци храна, е во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е во постојана комуникација со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, кој ја следи епидемиолошката состојба на терен, се појаснува во соопштението.

Претходниот ден, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведен е вонреден инспекциски надзор во објект – централен магацин со кој стопанисува ДПТУ „Ванила фуд“ – ДООЕЛ Скопје, од каде се снабдуваат со прехранбени продукти, кујните во училиштата на територија на општина Карпош, како и во кујните на училиштата „Димо Хаџи Димов“ и „Владо Тасевски“. Тоа, по добиена дојава од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје – одделение за епидемиолгија, за појава на заболување кај седум деца од различни училишта во општина Карпош со дијагноза „salmonellosis“.

– Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенција за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје  и ЈЗУ Институт за јавно здравје. Согласно надлежностите на ДСЗИ, земени се брисеви од работни површини и опрема, како и брисеви од жива средина – брис од грло и нос и копрокултура на вработени лица во посетените објекти, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните, се истакнува во соопштението на ДСЗИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy