Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државата ќе купува само дизел за нафтени резерви
Економија

Државата ќе купува само дизел за нафтени резерви

16/02/2023

AA

Владата преку акцискиот план што го објави за наредните три години, изнесе податок дека државата во своите задолжителни нафтени резерви има најголем недостаток на дизел. Поради тоа, во наредниот период Агенцијата за задолжителни нафтени резерви ќе го купува исклучиво само ова гориво.

Од моторен бензин, државата има 32.132.281 литри како резерва. Дизелот, кој на дневна основа се троши многу повеќе, го има до 115.889.077 литри до крајот на 2022. Количината на нафтата за загревања изнесувала 10.772.019 литри, додека на мазутот 21.576.589 килограми. 

Согласно пресметките на Владата, државата има бензин за 100 дена, дизел за 55, нафта за загревање има за 78, а мазут има за 89 дена. За течен нафтен гас не се обезбедени резерви, односно складишта. Резервите на дизел не се ни блиску од потребите за пропишаните 90 дена.

Според тоа, во наредните три години ќе се купува 28 илјади тони дизел, ддоека нема да се купува бензин и мазут, а нешто помалку ќе се купува нафта за загревање. Ако цената теоретски е едно евро по литар, пресметката е дека ќе се потрошат 36 милиони евра во наредните три години за купување на задоволително ниво на дополнителни резерви на дизел. 

„Задолжителните резерви на Република Северна Македонија ќе се формираат постепено
во согласност со овој акциски план, со цел да се обезбеди вкупните задолжителни резерви
кои се чуваат во земјата во секое време да одговараат најмалку на 90 дена од дневните просечни нето увози или на 61 ден од просечната дневна домашна потрошувачка, во претходната календарска година, во зависност од тоа која од двете наведени количини е поголема“, пишува во планот.

Таму стои дека државните складишта за резерви не се во функција и затоа на приватните трговци треба да им плаќа по 6 милиони евра годишно за нивно чување.

„Потенцијален слободен складишен простор кој е во сопственост на државата има на неколку локации во земјата, меѓутоа истите не се во употреба подолг временски период.
Складовите се опремени со неопходна опрема за функционирање, но бидејќи не се во функција преземени се мерки за нивна конзервација и заштита“, нагласува Владата во планот.

A.K.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy