Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА – потребни се години за поврат на производството
Економија

ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА – потребни се години за поврат на производството

25/12/2024

AA

Бројот на регистрирани земјоделци во земјава денес е околу 65.000, за разлика од пред десетина години кога изнесуваше 90.000, лозарството е во сериозен пад, а сточарството брои 140.000 грла крупен добиток иако пред речиси една деценија имаше 260 000, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. 

Тoj денеска на прес-конференција, рече дека Владата се занимава со исплаќање заостанати субвенции кои требало да бидат тековно исплатени кон сите земјоделци.

На новинарско прашање, кое е најоптимистичкото сценарио или за колку време би се вратила состојбата на македонското земјоделство како пред 10 години, Трипуновски е дециден дека за да се покажат првите резултати, мора да помине барем една производна година.

Според министерот, идната година приоритет ќе бидат стратешките култури, пченицата, јачменот, пченката, градинарството, како и сточарското и млекопроизводството.

– Од претходната неуспешна влада наследивме ситуации кои таа ги креираше. Сега ги залечуваме раните, ги враќаме состојбите во нормала. Од наредната година ќе имаме сериозни показатели дека навистина имаме зголемено земјоделско производство. Сега, практично, исплаќаме заостанати субвенции што требало да бидат тековно исплатени и тоа е една од причините зошто нашето земјоделство има сериозен пад. Затоа и повеќе увезуваме од што произведуваме, а ги имаме сите предиспозиции за квантитетно и квалитетно земјоделско производство. 

Она што изминатите шест месеци Владата и Министерството го покажаа кон земјоделците е враќање на нивната доверба кон институциите. Историската исплата што ја реализиравме кон македонските земјоделци е показател дека навистина сме посветени Македонија да ја вратиме да биде лидер во земјоделското производство. Со новите програми што ги проектираме за 2025-та и со оваа историска исплата што ја правиме годинава, праќаме сигнал дека навистина сакаме и ќе бидеме сериозен партнер на земјоделците, рече Трипуновски.

Тој напомена дека Владата со ребалансот и со пренамена на други програми, со префрлање средства на сметката на Платежната агенција, ги затвори сите заостанати обврски наследени од претходната власт.

– Имаше заостанати обврски за 2023, 2022, 2021, па дури и за 2020 година. Сега ја затвораме календарската 2023-та и имаме сериозна исплата на субвенции од тековната 2024 година. Вкупно 1 700 000 денари се за исплата за 2024 година. Ова никогаш не се случило во македонското земјоделство, покажуваме дека навистина и премиерот и Владата и Министерството со оваа финансиска инјекција за македонските земјоделци сакаме да го вратиме секторот таму каде што некогаш беше, подвлече Трипуновски.

Министерот порача дека фокус во Програмата за 2025 година ќе биде се што дозволуваат климатските услови во земјава за квалитетен производ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен најави модернизација и 10-годишни договори

14/02/2026

Ова е историски најголем буџет за одбрана издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години во Македонија. Благодарност

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица

13/02/2026

Времето в сабота, 14 декември, ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy