
Драма на пречекот на српските ватерполисти: Мандиќ одби да се поздрави со Шапиќ (ВИДЕО)
Меѓу оние кои ги пречекаа ватерполистите беше градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, легенда на светското ватерполо и еден од најдобрите на сите времиња. Тој се поздрави со сите играчи, со исклучок на Душан Мандиќ кој го „искулира“ градоначалникот и замина без да му пружи рака.
Мандиќ, исто така е легенда на светското ватерполо, освои, меѓу другото, три олимписки титули со српската репрезентација, а беше прогласен за МВП на турнирот во Париз. Причина за нетрпеливоста со Шапиќ е тоа што своевремено бил избркан од клубот Нови Београд, на инсистирање токму на сегашниот политичар.
