Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДПИ апелира: Внимавајте при онлајн купувањето!
Македонија

ДПИ апелира: Внимавајте при онлајн купувањето!

06/02/2023

AA

Имајќи предвид дека технологијата оди постојано напред со засилен развој, така се менуваат и навиките на луѓето. Онлајн продажбата стана поинтензивна овозможувајќи полесен и побрз пристап до саканите производи. Но покрај предностите, има и свои слабости со кои секојдневно се соочуваат голем број граѓани.

Имено, грѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на производите, достава надвор од утврдениот рок, неможноста да се оствари повторен контакт со продавачот најчесто поради недостапност или блокирање на страницата од која се продавале производите. Често се случува производите да се различни кога ќе пристигнат кај граѓаните, отколку оние претставени на фотографијата, прблем е и неиздавањето на фискални сметки, фактури или гарантен лист при доставувањето на производите. Заради ваквите негативни искуства во изминатиот период граѓаните интензивно пријавуваат онлајн измами, особено кога станува збор за производи кои се продаваат преку користење на социјалните мрежи. Државниот пазарен инспекторат постапува согласно своите надлежности, односно, пазарниот инспекторат може да постапи само доколку пријавата е поднесена за трговец кој е регистриран и издава фискална сметка, бидејќи фискалната сметка служи како доказ при постапувањето од наша страна. Доколку трговецот за кој се однесува пријавата не е регистриран ние како институција немаме надлежност да постапуваме. Најчесто оние кои продаваат преку социјалните мрежи не се регистрирани, па заради тоа е невозможно да се пронајдат ниту пак да се постапи во согласност со поднесената пријава.

Дополнително, кога граѓаните вршат нарачки од меѓународни веб продавници известуваме дека Државниот пазарен инспекторат нема надлежност над други меѓународни пазари надвор од територијата на Република Северна Македонија за да може да презема мерки за решавање на таквите претставки.
Потенцираме дека ДПИ е надлежен за онлајн измами според Законот за е-трговија и тоа според член 7, односно за да може да постапи, трговецот треба да е регистриран на адреса поинаква од домашната, бидејќи пазарниот инспекторат нема надлежност да врши надзор во домашен односно приватен имот.
Регистриран онлајн трговец значи лесно, директно и постојано достапни најмалку следниве информации: име, односно фирма на давателот на услугата, седиште на правното лице, давател на услугата или адреса доколку е физичко лице, податоци за давателот на услугата врз основа на кои примателот на услугата може на директен и ефикасен начин да стапи во контакт со него, вклучително електронската адреса, трговскиот регистар во кој е внесен давателот на услуги и бројот на неговата регистрација или еквивалентните средства на идентификација во тој регистар, кога давателот на услугата е заведен во трговски или друг соодветен регистар, податоци од надлежниот орган, доколку давателот на услугата подлежи на обврска за издавање на лиценци или друг вид на одобренија и даночен број ако давателот на услуга е обврзник на ДДВ. Понатаму, потребни се и податоци за институцијата кај која е регистриран давателот на услугата, професионалниот назив и земјата во која е стекнат тој назив, упатување на професионалните правила во земјата во која ја врши дејноста и начинот на пристап до нив. Ако давателот на услуги на онлајн услуги ги наведува цените на производите и услугите, тие треба да бидат наведени јасно и недвосмислено, особено треба да се наведе дали во нив се вклучени трошоците на испорака, даноците и манипулативните трошоци кои имаат влијание на наведената цена.

Државниот пазарен инспекторат континуирано ги информира граѓаните и посочува на што треба да бидат внимателни при купување на онлајн производи. Граѓаните стапуваат и во директен контакт со нас преку нашите телефонски линии каде им е укажано на што треба да обрнат внимание при купување на онлајн производи.

Апелираме граѓаните да бидат особено внимателни, односно пред да извршат онлајн нарачка да ги проверат контакт податоците и останатите податоци за компанијата или лицето кое ги продава производите, понатаму веродостојноста на е-продавницата, да ги заштитат своите лични податоци, и да не го примаат производот без да им биде издадена фискална сметка или фактура, а доколку постои било каков сомнеж или е извршена директна измама, веднаш да пријават кај нас во Државниот пазарен инспекторат.

Во следниот период планираме интензивни активности кои ќе ги опфатат сите засегнати страни кои би можеле да придонесат за намалување на ваквиот вид измами. Преку комуникативен и едукативен пристап граѓаните ќе бидат дополнително информирани со цел да се спречат онлајн измамите со кои се сретнуваат во процесот на е-купување. Ние како инспекторат им стоиме на располагање секогаш кога е потребен совет или потреба за постапување, отворени сме за промени и соработка со реалниот сектор, затоа охрабруваме, граѓаните да не се двоумат, туку да го искористат своето право и да пријавуваат измами.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Советот

11/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Слупчане, пожарникарите се бореа со огнените

11/02/2026
Македонија

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЛЕГУВААТ ВО ПРОВЕРКА Почна втората анализа на спорните

11/02/2026
Македонија

„Онкологија“: Словенечки експерт тврди дека се давале дијагнози без потврди

11/02/2026
Македонија

Скопјанец украл бакарни кабли во вредност од 200.000 евра наменети

11/02/2026
Македонија

Алиу на состанок со странските експерти: Очекувам да дадат независен

11/02/2026
Македонија

Андоновски смета дека забраната за социјални мрежи кај најмладите е

11/02/2026
Македонија

ПОТРЕБНА Е КОМПЛЕТНА РЕВИЗИЈА НА ПРЕДМЕТИТЕ ШТО ГИ РАБОТЕШЕ СЈО

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41340
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Советот на ЈО ќе даде мислење

11/02/2026

Советот на јавни обвинители за следната недела ја закажа седницата за давање мислење за пријавените кандидати на огласот за именување

Пожар во куќа во Слупчане, пожарникарите се бореа со огнените јазици 4 часа!

11/02/2026

Синоќа во селото Слупчане, општина Липково, избувнал голем пожар во куќа сопственост на 63-годишниот А.И. Иако материјалната штета е значителна,

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЛЕГУВААТ ВО ПРОВЕРКА Почна втората анализа на спорните кардиохируршки случаи

11/02/2026

Интерната и странската експертска комисија што ја ангажираше Министерството за здравство денеска одржаа онлајн состанок за проверка на спорните кардиолошки

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy