Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дождот ѝ помогна на Рибакина да обезбеди финале во Рим!
Спорт

Дождот ѝ помогна на Рибакина да обезбеди финале во Рим!

19/05/2023

AA

Елена Рибакина од Казахстан е втората финалистка на турнирот во Рим (по Анхелина Калинина) откако вечерва ја совлада Јелена Остапенко во два сета, но во меч кој траеше долго.

Причина за тоа се прекините поради дождот во италијанската престолнина, но тоа излезе пресудна за триумфот на Рибакина. 

Откако го освои првиот сет со 6-2, нејзината игра наиде на пад во вториот, а Остапенко се издигна и поведе со 4-1. Мечот беше прекинат поради дожд, но по паузата, Рибакина чудесно се врати и триумфира со 6-4.

За шампионката од Вимблдон, ова ќе биде четврто финале од почетокот на 2023 година, по Австралијан опен, Мајами и Индијан Велс. Го освои само последниот од овие три, а ако успее да слави и во финалето, утре против Калинија од Украина, ќе се искачи на четвртото место на најновата ВТА-листа, што ќе претставува и нејзин ранкинг за претстојниот Ролан Гарос.

Иако игра под знамето на Казахстан, Рибакина е родена Русинка, па финалето ќе претставува уште едно руско-украинско соочување, откако Калинина во своето полуфинале ја совлада Вероника Кудерметова, за потоа да изјави дека „донела малку радост за својата земја“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Алкохолот и воланот не одат во двојка“ – Полицијата со

14/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ МЕНУВА ЛИ ЗАКОНОТ? Јавната дебата сè уште трае,

14/02/2026
Македонија

ВАЖНА ВЕСТ ОД УЈП: Рокот за пријавување на приходите од

14/02/2026
Македонија

Јаневска: „Немаме време за просечност“ – Започнуваат директни средби со

14/02/2026
Македонија

ССМ со податоци: Македонскиот работник создава 5.000 евра месечно, а

14/02/2026
Македонија

„ПОЛА ВЛАДА НА ЗАЕВ ВО ЗАТВОР ЌЕ ОДЕШЕ!“ Манасиевски ја

14/02/2026
Македонија

ПИЈАН ИЗЕЛТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ЛОКВИЦА Полицијата приведе скопјанец и

14/02/2026
Македонија

Албански државјанин ставил пари во патната исправа при сообраќајна контрола

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41467
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Алкохолот и воланот не одат во двојка“ – Полицијата со апел до граѓаните!

14/02/2026

Денеска (14.02.2026) на наплатна станица Петровец на автопатот Скопје-Велес, во рамки на одбележување на празниците Свети Трифун и Свети Валентин,

ЌЕ СЕ МЕНУВА ЛИ ЗАКОНОТ? Јавната дебата сè уште трае, МОН очекува официјални забелешки

14/02/2026

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека јавната дебата за новиот Закон за високо образование сè уште трае

ВАЖНА ВЕСТ ОД УЈП: Рокот за пријавување на приходите од странство е до 31 март!

14/02/2026

Управата за јавни приходи (УЈП) упати потсетување до сите граѓани (резиденти) кои во текот на 2025 година оствариле каков било

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy