Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач
Економија

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

26/11/2024

AA

И доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, го следи примерот на некои свои поранешни колеги и ќе се обиде како претприемач во бизнис водите.

Еден од највлијателните политички функционери од изминатиот период на претходната власт, деновиве ја регистрирал фирмата „Форт М Гроуп Увоз-Извоз Скопје“. како друштво за градежништво и услуги на сопствената адреса на живеење. Дејноста е „изградба на станбени и нестанбени згради“.

– Би рекол дека мора од нешто да се живее. Јас по вокација сум адвокат и тоа продолжувам да го работам . Затоа како управител на фирмата е назначено друго лице. Во меѓувреме загубив голем број на странки од својот делокруг на работа затоа што свесно не сакав да ги доведам во непријатност и политички контекст. Изградба на станбени објекти е само една од опциите на кои би работел, но тоа не значи дека дефинитивно ќе биде така. Во овој момент немам никаков конкретен проект на кој би работел. Се работи за фирма со општа клаузула за бизнис, ни изјави Зечевиќ.

Тој додаде дека има и некои други бизнис идеи кои би сакал да ги оствари преку оваа фирма, но дека за тоа би зборувал кога ќе го дефинира конретниот избор на производство, или услуга.

Зечевиќ беше долгогодишен организациски секретар на СДСМ и советник на поранешниот премиер Зоран Заев, за адвокатски услуги, пред да биде назначен за генерален секретар на партијата во 2021. Исто така е и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија и поранешен генерален секретар на Владата на Бранко Црвенковски.

На почетокот на 2019 година стана дел и од Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола се до јули 2023. Зечевиќ во 2019 година дојде на оваа функција како предлог на АД „Пелистерка“ чиј сопственик е Цветан Панделески. Како член на Надзорен одбор, Зечевиќ добиваше месечен надомест од 50.000 денари.

Сопартијци на Зечевиќ како Јован Деспотовски и Драги Рашковски исто така отворија свои фирми по поразот на парламентарните избори во мај 2024.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Тивките чувари на минатото: Како во Државниот архив се

14/02/2026
Македонија

Жителите на Блатец со жив штит против изградбата на хидроцентрала

14/02/2026
Македонија

САКАЛ ДА ПОТПКУПИ ПОЛИЦАЈЦИ, А ТИЕ ГО ПРИВЕЛЕ Албанец фатен

14/02/2026
Македонија

„Алкохолот и воланот не одат во двојка“ – Полицијата со

14/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ МЕНУВА ЛИ ЗАКОНОТ? Јавната дебата сè уште трае,

14/02/2026
Македонија

ВАЖНА ВЕСТ ОД УЈП: Рокот за пријавување на приходите од

14/02/2026
Македонија

Јаневска: „Немаме време за просечност“ – Започнуваат директни средби со

14/02/2026
Македонија

ССМ со податоци: Македонскиот работник создава 5.000 евра месечно, а

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41470
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Тивките чувари на минатото: Како во Државниот архив се „лекуваат“ документи стари над еден

14/02/2026

Додека повеќето од нас историјата ја гледаат низ учебници или дигитални екрани, во една тивка лабораторија во центарот на Скопје,

Жителите на Блатец со жив штит против изградбата на хидроцентрала – паднаа и првите инциденти

14/02/2026

Тензично е денеска во виничкото село Блатец, каде масовните протести против изградбата на мини хидроцентрала на реката Блатешница ескалираа со

САКАЛ ДА ПОТПКУПИ ПОЛИЦАЈЦИ, А ТИЕ ГО ПРИВЕЛЕ Албанец фатен со пари во патната исправа

14/02/2026

Вчера во Македонски Брод, полицијата го лишила од слобода З.Х. (31) од Република Албанија, осомничен за давање поткуп. Инцидентот се

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy