
ДОШЛА СО АДВОКАТ: Сопругата на Милан Радоичиќ е на распит во полициска станица во Северна Митровица
Косовска полиција објави дека сопругата на Милан Радоичиќ е на распит во полициска станица во Северна Митровица.
Заменик-директорот на регионалната полиција на северно Косово, Ветон Елшани, потврди дека сопругата на Милан Радоичиќ е на распит. Тој за косовски медиуми изјави дека Ема Радоичиќ дошла во полиција во придружба на нејзиниот адвокат. Елшани одби да даде детали, oбјави Бета. Радоичиќ, поранешен потпретседател на Српската листа, претходно ја презеде одговорноста за минатогодишниот вооружен конфликт во Бањска, на северот на Косово. Во нападот во Бањска во северно Косово лани, вооружена група Срби уби еден косовски полицаец, а потоа во престрелската загинаа четири Срби.
фото МИА архива