Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дортмунд: Маж со македонски пасош ја убил сопругата пред малолетните деца
Магазин

Дортмунд: Маж со македонски пасош ја убил сопругата пред малолетните деца

07/01/2025

AA

Според германски медиуми страшни сцени се случиле вчера во станбена зграда во центарот на Дортмунд.

Во извештаите се наведува дека 33-годишен маж со нож ја избодел својата три години помлада од него сопруга, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Таа подоцна починала во болница.

Според јавното обвинителство, трите мали деца на парот (3, 4 и 6 години) биле сведоци на делото. Децата истрчале кај соседите, кои потоа повикале полиција.

Осомничениот 33-годишен сопруг носител на македонски пасош побегнал со автомобилот по инцидентите.

Кога пристигнала итната помош, жртвата повеќе не била свесна, а жената набргу потоа починала во болница.

Децата биле предадени на Канцеларијата за заштита на младите, но во текот на денот требало да бидат однесени кај роднини.

Според информациите жената живеела одвоено од сопругот македонски државјанин. Таа само пред неколку дена се вселила во станбената зграда со децата. Според информациите од институциите сопругот во неколку наврати бил насилен кон сопругата.

Сопругот на жртвата веднаш по злосторството побегнал со автомобил, но подоцна бил уапсен во близина на Вирцбург. Оттогаш е во притвор. Според досегашните информации, јавното обвинителство го товари за убиство.

Во понеделникот вечерта, полицијата со часови била распоредена во голем број на локации во Дортмунд за да обезбеди докази.

Полицијата ја истражува и евентуалната историја на семејно насилство и проверува дали поради оваа причина имало решение за забрана да и се доблужува на жртвата. Осомничениот молчи за наводите, се вели во информацијата што е потврдена од Јавното обвинителство на Дортмунд

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧНА РАМАЗАНСКИОТ ПОСТ На 20 март е Рамазан Бајрам

19/02/2026
Македонија

ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ Ќе донесе нов снег

19/02/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три

19/02/2026
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41641
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧНА РАМАЗАНСКИОТ ПОСТ На 20 март е Рамазан Бајрам

19/02/2026

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 29 дена и завршува на 20 март. За

ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ Ќе донесе нов снег на планините

19/02/2026

Во текот на ноќта денеска и утре особено претпладнето под влијание на нов поголем влажен бран од Медитеранот во Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три нови проекти

19/02/2026

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy