Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОЛГОГОДИШНИОТ ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР ГИ ЗАСИЛУВА ПОЗИЦИИТЕ ВО „СВОЈОТ“ „ГРАНИТ“ – Страшо Милковски купува акции, колку тежи сега неговиот пакет
Економија

ДОЛГОГОДИШНИОТ ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР ГИ ЗАСИЛУВА ПОЗИЦИИТЕ ВО „СВОЈОТ“ „ГРАНИТ“ – Страшо Милковски купува акции, колку тежи сега неговиот пакет

23/11/2023

AA

Страшо Милковски, претседател на Управниот
одбор на нашата најголема и најмоќна градежна компанија „Гранит“ се стекнал со
11.731 обична акција на ова акциконерско друштво. Според
нашите пресметки, станува збор за мал процент од капиталот на компанијата, или
за нецел половина процент, односно прецизно 0,38 отсто.

Но,
Страшо Милковски, иако својот акционерски пакет своевремено им го пренесе во
наследство на своите две деца, се уште поседува извесен процент акции, а лани
купи исто така 0,6 отсто од акциите на градежната компанија. Сепак,
тој поседува помалку од пет проценти, и поради тоа не може точно да се знае колку
изнесува неговиот акционерски капитал.

Како што е познато, Страшо Милковски беше долги две децении генерален директор на компанијата, но пред
извесен период ја предаде раководната палка на неговиот син Зоран Милковски.

Според последната состојба објавена на Централниот депозитар за хартии од вредност, најголеми доминантни акционери во компанијата „Гранит“ се Зоран
Милковски, син на Страшо Милковски и во моментов генерален директор на компанијата, а кој според последната објава на ЦДХВ поседува 9,10 отсто од капиталот, како и
неговата ќерка Ивана Милковска-Симева, која располага со 8,84 проценти. Овие
акции тие ги добија како наследство од својот татко.

Покрај нив акционер во компанијата
кој има во своја сопственост над пет отсто и поради тоа е видлив за пошироката
јавност, е компанијата Бард коп од Белград, која има во свој посед 5,06 отсто
од акциите, додека 9,81 отсто од акциите кои фигурираат како акции на
компанијата, кои се наменети за одбрана од обид за евентуално непријателско превземање на оваа голема
градежна компанија. 

Еве што вчера објави компанијата преку Берзата.

„Известуваме дека
Претседателот на Управниот одбор на ГД Гранит АД Скопје, Страшо Милковски се
стекна со 11.731 обични акции од издавачот на хартии од вредност – друштвото ГД Гранит АД Скопје“, се вели во кусата објава од компанијата.

Фактот
што претседателот на Управниот одбор купува акции на компанијата се смета како
сигнал дека тој има верба во друштвото каде е претседател на Управниот одбор,
опдносно во неговиот бизнис и перспективи.

Инаку, во септември оваа
година, како што пишуваше Фактор, на Берзата помина  блок трансакција со
акциите на домашната градежна компанија „Гранит“. Беа продадени на познат купувач
10.000 акции на ова акционерско друштво, и тоа по цена од 1.147 денари за
акција. Или, вкупната вредност на трансакцијата беше 187 илјади евра, што значи дека некој толку плати за овој пакет. Се претпоставува дека акциите од овој блок се дел од тие над 11 илјади акции за кои сега се известува дека со нив се стекнал претседателот на Управниот одбор.

Претходно, во април годинава, „Гранит“ објави дека
генералниот директор Зоран Милковски купи 6.100 акциои
на компанијата, за кои плати околу 130 илјади евра, и на тој начин го зајакна
својот капитал на компанијата, па сега поседува 9,10 проценти.

Во септември лани,
пак, како што исто така пишувавме, Страшо Милковски се стекна со 0,6 отсто од сите акции на „Гранит“
односно купи 17.868 акции со право на глас и во нив, според пазарни цени, вложи
392.000 евра. Неофицијално, продавачи на акциите биле домашни физички лица кои лани имале предлог за зголемена исплата на
дивиденда, кој тогаш не помина на акционерското собрание.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Пожарот кај Шуто Оризари сè уште не е изгаснат,

29/06/2026
Македонија

Сарамандова останува во обвинителскиот тим за случајот „Пулс“, Савески го

29/06/2026
Македонија

Регионот се прости од Владо Јаневски: „Нашите заеднички концерти засекогаш

29/06/2026
Македонија

Мицкоски: Опозицијата го блокира Изборниот законик, Македонија ќе ги победи

29/06/2026
Македонија

Филипче објави фотографија вечерва од Собрание, 14 пратеници напишале 10

29/06/2026
Македонија

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини – Собранието

29/06/2026
Македонија

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се

29/06/2026
Македонија

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44041
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Пожарот кај Шуто Оризари сè уште не е изгаснат, се шири густ чад и

29/06/2026

Пожарот што избувна во реонот на Шуто Оризари, во близина на „Џиџи Комерц“, сè уште не е целосно изгаснат, информира

Сарамандова останува во обвинителскиот тим за случајот „Пулс“, Савески го одбил барањето за нејзино изземање

29/06/2026

Обвинителката Наташа Сарамандова останува дел од обвинителскиот тим кој го застапува обвинението против 34 обвинети за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Регионот се прости од Владо Јаневски: „Нашите заеднички концерти засекогаш ќе останат во сеќавање“

29/06/2026

Веста за смртта на македонската музичка легенда Владо Јаневски предизвика голема тага не само во Македонија, туку и во целиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy