Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОЛГОГОДИШНИОТ ДИРЕКТОР ПАТРИК МАРТЕНС ЗАМИНУВА ОД ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКАТА КОМОРА – на негово место доаѓа Герт Рабов, еве какво е неговото искуство
Економија

ДОЛГОГОДИШНИОТ ДИРЕКТОР ПАТРИК МАРТЕНС ЗАМИНУВА ОД ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКАТА КОМОРА – на негово место доаѓа Герт Рабов, еве какво е неговото искуство

02/02/2023

AA

Долгогодишниот директор на Германската комора во земјава Патрик Мартенс повеќе не е на таа позиција, а како што соопштија оттаму, нов директор на Делегацијата на германското стопанство тука ќе биде Герт Рабов, кој ќе биде в.д директор. 

Рабов се огласи до јавноста преку соопштение од комората, во кое вели дека со голема возбуда пристапува кон новата задача, а дека претходно работел во германските комори главно во Азија, па тука всушност ќе биде многу драгоцено неговото искуство. 

„Од почетокот на јануари сум в.д директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и со голема возбуда пристапувам кон мојата нова задача. Јас сум вработен во мрежата на Германските стопански комори повеќе од 20 години, и повеќето од нив ги поминав работејќи во Азија. Се надевам дека со моето долгогодишно искуство и компетентност која ја стекнав работејќи во мрежата на Германските стопански комори која се протега во 92 земји ширум светот можам да дадам нов поттик за понатамошен развој како на Делегацијата, така и на Македонско-Германското стопанско здружение.  
Во изминатите години, регионот на Западен Балкан игра се поважна улога како економски регион за Европа. Германските компании веќе се добро етаблирани во Северна Македонија, односно познати германски компании инвестираа во изминатите години во земјата. Истовремено, Германија е најважниот трговски партнер на Северна Македонија. Следните неколку месеци ќе ги искористам за да запознам колку е можно повеќе компании членки на Македонско-Германското стопанско здружение“, пишува Герт Рабов во своето соопштение до медиумите.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy