Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОЛГОГОДИШНА ПЛОДНА КАРИЕРА – Светозар Јаневски ќе раководи со „Тиквеш“ се до изборот на нов директор
Економија

ДОЛГОГОДИШНА ПЛОДНА КАРИЕРА – Светозар Јаневски ќе раководи со „Тиквеш“ се до изборот на нов директор

15/06/2023

AA

Како логично завршување на една плодна и успешна кариера, Светозар Јаневски, кој всушност е и доминантен сопственик, во идниот период ќе ја раководи и менаџира винарската визба „Тиквеш“. 

Практично, Јаневски ќе ја застапува „Тиквеш“ во односите со трети лица, а тоа ќе се случува се до изборот на нов генерален директор на компанијата.

Оваа одлука ја донел Управниот одбор на винарската визба, а за тоа ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза. 

Инаку, ова следува откако директорската позиција во винарската визба „Тиквеш“ ја напушти Радош Вукиќевиќ, за што веќе извести Фактор.

„Ве известуваме за следниве измени во органите на управување. Врз основа на член 68 од Статутот на Акционерското друштво за производство и промет на вино Винарска визба Тиквеш експорт-иморт АД Кавадарци и член 375 од Законот за трговски друштва, Управниот одбор на друштвото на 8 јуни донесе одлука за застапување на друштвото.

По дадено мислење согласност и одобрение на Надзорниот Одбор, се овластува членот и претседателот на Управниот Одбор Светозар Јаневски, во односите со трети лица, да го застапува  и претставува Акционерското друштво за производство и промет на вино Винарска визба Тиквеш експорт-иморт АД Кавадарци.

Овластениот член на Управниот Одбор за застапување на друштвото го застапува друштвото како овластено лице се до изборот на Генерален директор на АД Винарска визба Тиквеш Кавадарци“, се вели во објавата која ја испрати компанијата до Македонската берза. 

Инаку, како што пишувавме пред околу една недела, по долги години успешно менаџирање со компанијата и плодни резултати во работењето, Радош Вукиќевиќ ја напушти директорката позиција во винаријата Тиквеш.

За ова компанијата ја извести инвеститорксата јавност преку Македонската берза. 

„Се констатира престанок на функцијата и се отповикува членот на Управниот одбор на ВВ Тиквеш Кавадарци, Радош Вукиќевиќ. Се констатира престанок на функцијата и се отповикува Генералниот директор на ВВ Тиквеш Кавадарци, Радош Вукиќевиќ. Се дава одобрение Управниот одбор на Акционерското друштво за производство и промет на вино, Винарска визба Тиквеш експорт импорт-Каварадци, да може да го овласти членот и претседателот на УО, Светозар Јаневски да го застапува друштвото без ограничувања како овластено лице заклучно до назначување на Генерален директор на друштвото. Се овластува Претседателот на УО на АД Винарска визба Тиквеш, односно лице овластено од него да ги преземе сите дејствија за поднесување пријава за упис на оваа одлука во Централниот регистар на РМ. Одлуката влегува во сила од денот на донесувањето – информираа од компанијата.

Инаку, согласно последната состојба објавена во Централниот депозитар за хартии од вредност, доминантен сопственик на винарската визба „Тиквеш“ е токму компанијата на Светозар Јаневски – М6 Светлана и останати, која поседува 80,08 проценти од капиталот на компанијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy