Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОГОВОРОТ ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ Е ДОКАЗ ЗА ДИЈАЛОГ Над 11.000 административци ќе добијат покачување
Македонија

ДОГОВОРОТ ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ Е ДОКАЗ ЗА ДИЈАЛОГ Над 11.000 административци ќе добијат покачување

11/02/2026

AA

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески во гостувањето на „Тема на денот“ на Сител телевизија, изјави дека Владата со последниот постигнат договор за зголемување на платите во администрацијата покажа висок демократски капацитет и транспарентност во работата, како и дека овој договор е доказ дека социјалниот дијалог во државата функционира.

– Со договорот со двата репрезентативни синдикати САДУ и УПОЗ со кој ќе се зголемат платите за над 40 проценти за 11.000 вработени во администрацијата со 2028 година, како и со претходни договори за зголемување на платите на вработените во образованието, здравството, социјалните работници, армијата, полицијата и други сектори, Владата го заокружи процесот таму каде што таа е работодавач – кажа заменик-министерот Ристески.

Ристески додаде дека со овој договор овие над 11.000 вработени во државната управа ќе добијат повисоки плати и ќе се приближат до другите државни институции, а со ова се исправа неправдата нанесена од штетните политики на минатата власт.

– За жал, наследивме една хаотична состојба со платите во јавниот сектор, каде платите се регулираат со разни колективни договори, правилници и одлуки, а тоа допринесе во исти ресори или институции, вработени на исти позиции да имаат различни плати. Во наредниот период со двата репрезентативни синдикати треба повторно, во еден транспарентен процес, да преговараме за нов Општиот колективен договор за јавниот сектор кој е истечен. Овој нов договор треба да даде квалитетни и системски решенија за пресметките и растот на платите во јавниот сектор. Со ова ќе имаме јасен систем за пресметка на платите и можност за поквалитетно и поодговорно планирање на буџетските средства потребни за оваа намена – додаде Ристески.

Околу минималната плата Ристески повтори дека разговорите мора да продолжат помеѓу синдикатите со најголемите работодавачи, а тоа се претставниците на приватниот сектор, како и дека Владата ќе го прифати било кое решение кое тие ќе го договорат, а доколку нема договор тогаш минималната плата ќе се зголеми согласно постоечкото законско решение.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42351
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy