Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе биде презентиран пред собраниските пратеници
Македонија

Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе биде презентиран пред собраниските пратеници

20/04/2023

AA

Владата на Република Северна Македонија информира дека претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10 –д ,вклучени во овој најголем инфраструктурен проект, ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура.

Целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот за изградба на двата коридора, кои се од нивни интерес. Презентацијата на Договорот, ќе биде спроведена пред сите пратеници од Собранието на Република Северна Македонија кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат.

Коридорите 8 и 10-д, се досега најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, чија што вредност изнесува 1,3 милијарди евра. Со реализацијата на овој проект, предвидена е изградба на четири автопатски делници, во вкупна должина од околу 110 километри. Учеството на секоја институција е важно за брза и навремена реализација на овој најголем инфраструктурен проект, кој е од стратешки интерес за државата.

Со изградбата на коридорите 8 и 10-д Северна Македонија конечно станува раскрсница на Балканот. Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата, можност Северна Македонија да биде на сообраќајната и економската карта на Европа.

Изградбата на овие два коридорa, значи поврзување на државата со другите земји од Европа, пораст на странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и роба, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НБРМ РАБОТИ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО АЛТА БАНКА Во

05/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА 2026 ГОДИНА Е ПОДОБАР ОД ПРЕТХОДНИОТ

05/11/2026
Македонија

НЕМАМЕ НЕДОСТИГ НА РЕФОРМИ, ТУКУ ПРЕОСТАНАТИ ПОЛИТИЧКИ УСЛОВИ Мицкоски истака

05/11/2026
Македонија

ЖЕРНОВСКИ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ЛАУРА КОВЕШИ ВЕЌЕ НЕ Е ЕВРОПСКИ

05/11/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ДРАГАН ПЕТРОВСКИ – ШТУКА Осомничен е како организатор на

05/11/2026
Македонија

ХИРУРЗИ ОД ИЗРАЕЛ ОПЕРИРАА 16 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

05/11/2026
Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА УЧЕСТВУВАШЕ ВО АКЦИЈА ЗА ЗАПЛЕНА НА 300 КГ

05/11/2026
Македонија

ЗАЕВ КРИЕЛ КРИМИНАЛЦИ ПОД ПОТЕРНИЦА ВО ВИЛАТА ВО ГРЦИЈА Со

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46599
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НБРМ РАБОТИ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО АЛТА БАНКА Во следните 2 недели треба да

05/11/2026

Народната банка на Македонија активно работи да обезбеди услови сите пензионери што сакаат да се одјават од Алта банка, тоа

ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА 2026 ГОДИНА Е ПОДОБАР ОД ПРЕТХОДНИОТ Евроамбасадорот Рокас вели дека има

05/11/2026

Евроамбасадорот Михалис Рокас потврди дека извештајот од 2026 година е подобар од претходниот извештај за напредокот на Македонија. Одговарајќи на

НЕМАМЕ НЕДОСТИГ НА РЕФОРМИ, ТУКУ ПРЕОСТАНАТИ ПОЛИТИЧКИ УСЛОВИ Мицкоски истака дека во извештајот нема ниту

05/11/2026

Имаме подобар извештај од минатата година, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничка прес конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас. –

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy