
ДОДИК ИЗЛЕЗЕ ОД СКАП МЕРЦЕДЕЦ И ПОЧНА ДА КОСИ ТРЕВА: Претседателот на Република Српска, „последен пат ја вршам нивната работа“
Возачите кои денеска го поминаа западниот транзит на Бања
Лука беа изненадени од неверојатна глетка. Претседателот на Република Српска
излезе од лимузината во Бања
Лука и почна да ја коси тревата.
Колоната возила застана пред семафорите. Додик излезе од скапиот „мерцедес“ и посегна
по косата.
Тој ја
косеше огромната трева што растеше на островот покрај патот, при што им го
прикриваше погледот на возачите.
Додик на Твитер објави и видео од косењето.
Већ сам интервенисао код надлежних да овај простор буде уредан, чист и покошен. Пошто вјерујем да се они угодно одмарају, одлучио сам да све сам покосим!
Ово је посљедњи пут да радим њихов посао. pic.twitter.com/ueU91SFC5E— Милорад Додик (@MiloradDodik) June 29, 2023
-Веќе
интервенирав кај надлежните овој простор да биде уреден, чист и искосен.
Бидејќи верувам дека удобно одмараат, решив сам да искосам се!
Ова е последен пат да ја работам нивната работа, нашиша шретседателот на Република Српска.
Овој нов настап на Додик следеше по драмата во Градската
управа на Бањалука, кога градоначалникот Драшко Станивуковиќ го обвини
претседателот на градското собрание Љуба Нинковиќ од СНСД за неработење.
