Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Додека се оданочуваат работниците, наместо милионерите, власта ќе манипулира со парите на сиромашните слоеви“: Левица повторно обвинува
Економија

„Додека се оданочуваат работниците, наместо милионерите, власта ќе манипулира со парите на сиромашните слоеви“: Левица повторно обвинува

07/06/2023

AA

Партијата „Левица“, обвинува дека Владата со народни пари субвенционира фирми кои остваруваат милионски добивки.
„ Додека Ковачевски се фали дека граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја ако не се субвенциите, или во превод нашите пари, Бесими порача дека поддршката во вид на субвенции за ублажување на ефектите од енергетската криза ќе продолжи и годинава. Според Ковачевски, 600.000 домаќинства и 70.000 компании, кои се на регулираниот пазар, се снабдуваат со субвенционирана струја.
Во Буџетот оваа година се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со енергетската криза, од кои дел се наменети за ЕСМ. Овие субвенции се народни пари кои се слеваат во Буџетот преку даноците, глобите, судските и административните такси.

Изминатата грејна сезона, Владата преку субвенции кон АД ЕСМ префрли 320 милиони евра народни пари. Огромен процент од субвенциите се прелеани во фирми БЛИСКИ НА ВЛАСТА за услуги во РЕК Битола и набавка на струја за покривање на универзален снабдувач.

Од друга страна, според финансиските извештаи, поголемиот дел од енергетските компании стекнаа високи профити. Само ЕСМ во 2022 година оствари 40,88 милиони евра добивка. Овие субвенции најмногу се на товар на обичниот граѓанин . Со политика на рамен данок, малите стопанственици плаќаат иста стапка на данок, како и најпрофитабилните компании.

Додека се оданочуваат работниците, место милионерите и нивното богатство, власта ќе манипулира со парите на сиромашните слоеви и ќе ги дели за субвенции во компании кои работат со огромни добивки.“ напишаа на Фејсбук.

ФОТО. Левица Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Падна столб од улично осветлување во Битола

21/11/2025
Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Битола – ГП „Меџитлија“, има

21/11/2025
Македонија

СРБИН ПРЕВЕЗУВАЛ 10 КИНЕЗИ ВО ПРИКОЛКА, ДВАЈЦА ЗАГИНАА КАЈ ВАЛАНДОВО

21/11/2025
Македонија

Мислел ќе сокрие: Бизнисмен од Скопје тајно го продал имотот

21/11/2025
Македонија

Алиу: Вработувањата во здравство од сега според реалните потреби, а

21/11/2025
Македонија

Поплавен е теренот: Одложен натпреварот Пелистер – Шкупи!

21/11/2025
Македонија

🎥 ПОПЛАВЕНИ НАД 50 КУЌИ ВО РЕСЕНСКО, СЕ ИЗЛЕАЈА БОЛНСКА

21/11/2025
Македонија

Продавачите на книги на кејот во Скопје до среда мора

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37932
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Падна столб од улично осветлување во Битола

21/11/2025

​Падна столб од уличното осветлување во битолската населба „Недопирливи“, на патот што води кон студентскиот дом, јавува Тера телевизија. Столбот

Во прекин сообраќајот на патот Битола – ГП „Меџитлија“, има сообраќајка!

21/11/2025

Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари,

СРБИН ПРЕВЕЗУВАЛ 10 КИНЕЗИ ВО ПРИКОЛКА, ДВАЈЦА ЗАГИНАА КАЈ ВАЛАНДОВО Камионот се превртел, Обвинителството бара

21/11/2025

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Србија, осомничен за предизвикување на тешка сообраќајна несреќа со смртни последилици

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy