
ДОАЃА „УБИЕЦОТ НА ЛЕТОТО“: Словенците најавуваат поплави, во Карловац веќе ги спремија вреќите
Додека хрватскиот DHMZ објавува портокалов метео аларм за централна Хрватска, Кварнер и Истра, тимот на словенечката веб-страница Neurje.si, врз основа на метеоролошките модели, прогнозира огромни количини на врнежи, понекогаш и до 200 литри на метар квадратен.
Ниту три месеци откако регионот беше погоден од поројни поплави на голем број реки, не очекува ново покачување на водостојот на реките.
Со оглед на тоа што од запад продолжува да пристигнува влажен и топол воздух, а од северозапад студена воздушна маса, може да се очекува развој на невреме, кое на места може да биде од посилен карактер.
Од ноќта во четврток кон петок и кон сабота претпладне на места ќе има пообилни врнежи, па водостојот може да се покачи, но на места повторно да предизвикаат поројни поплави. За жал, транзицијата ќе биде доста изразена, па температурите во останатиот дел од неделата ќе бидат се освен лето, велат на веб-страницата Neurje.si, каде овој фронт го нарекуваат „убиец на летото“.
Синоптичарите од Неурје очекуваат излевање на реките во Помурје, Подравје, Посавје и поширокиот дел од централна Словенија во сабота навечер.
Тоа го поткрепува и видео од швајцарскиот прогностички сајт Meteologix, на кој се гледа значително поголемо количество врнежи од просекот, па така во централниот и југоисточниот дел на Словенија може да наврнат и до 200 литри дожд на метар квадратен!
Затоа се препорачува да се икзбегнуваат какви било активности во близина на реки или потоци, вклучително и летни фестивали.
Карловац во четвртокот објави дека се подготвува за силниот дожд и невреме предвидено за викендот, вреќи со песок се доставуваат до загрозените делови на градот, Управата за водовод и канализација е предупредена дека е одговорна за одводите, а изведувачите за градилиштата.
По состанокот на Штабот за цивилна заштита во Карловац беше речено дека Борлин и Велика Јелса се сметаат за потенцијално најзагрозени делови од градот до кои се доставуваат вреќи со песок.
Обезбедени се церади и потребниот материјал, исчистени се сите одводи, а изведувачите се дополнително предупредени за одговорноста за градилиштата, беше посочено на состанокот што беше организиран поради најавата за обилни врнежи и силен ветер за петок, сабота и недела. Поради „исклучително големи количества дожд“ може да се очекуваат поројни поплави и одрони.
„Сите служби ќе ги преземат сите превентивни мерки од нивна надлежност за можните последици да бидат што е можно минимални“, велат од Градот и додаваат дека на граѓаните ќе им бидат достапни комесари за цивилна заштита во месните комитети и градските окрузи.
Градоначалникот на Карловац, Дамир Мандиќ ги повика граѓаните во областите кои досега беа изложени на одрони, свлечишта и поројни поплави дополнително да го заштитат имотот, а сите граѓани да се грижат за сопствената безбедност, да не се изложуваат непотребно на невремето и почитување на привремената сообраќајна регулатива.
Извор: Пословни.хр

