
Доаѓа АДА! Напиша вицепремиерот Битиќи на Фејсбук
Од денеска првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција – АДА ќе биде достапен за сите граѓани и бизнис секторот.
Ова е веројатно еден од проектите, кој го работевме заедно со кабинетот, на кој сум најмногу горд и денеска посебно среќен дека можеме да го лансираме и да го ставиме во користење на граѓаните и бизнис секторот.
АДА е материјализирање на промената која на сите ни е потребна.
Постојано зборуваме за дигитализација, транспарентност, ефективност и ефикасност во јавниот сектор и еве ја. Во едноставна дигитална алатка, достапна за сите.

