
До сабота топло и сончево со температури над 20 степени!
До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 20 степени и ќе дува засилен јужен ветер (над 60 km/h).
Во среда попладне, во текот на ноќта и во четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и сабота, а во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.