
ДИВ ЅВЕР МЕЃУ ЛУЃЕТО! На мрежите се шири неверојатно ВИДЕО од Нови Пазар: Трчала низ дворот, мештаните во шок
Се чини дека мечките кои се „маркирани“ во планините на Западна Србија, покрај познатиот домашен шумски терен, сега се повеќе се доближуваат и до просторот каде што живеат луѓе.
Видео снимка од голема кафеава мечка во дворот на семејна куќа во Нови Пазар го запали интернетот.
Имено, како што може да се види на видеото, мечката бега од дворот на куќата во правец Бајевци – Лукаре и оди во непознат правец.
— Pluton (@Pluton45873221) May 20, 2023
Иако за сега не е сигурна автентичноста на видеото, мештаните кои не престануваат да пишуваат коментари под објавите се шокирани од она што го снимила безбедносната камера.
– Мечки одамна постојат во Пазар, само што камерата вака јавно не ги сними, не е ништо ново. Пазарот е полн со мечки – напиша еден корисник, а други се надоврзаа и истакнаа дека мечки има и на други места.
Фото: Принтскрин/Твитер

