Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Директорот Чибишев: Аферата „Онкологија“ не е случајно непозната на државните институции, инволвираните мора да добијат казна
Македонија

Директорот Чибишев: Аферата „Онкологија“ не е случајно непозната на државните институции, инволвираните мора да добијат казна

03/06/2025

AA

Аферата „Онкологија“ ќе остане голем товар за македонското здравство, изјави директорот Чибишев, истакнувајќи дека не е можно надлежните институции да не биле информирани за неправилностите во Институтот за јавно здравје и Клиниките.

Тој појасни дека државната здравствена инспекција (ДЗСИ) постојано врши контроли, а и Фондот за здравствено осигурување секои шест месеци прави финансиски прегледи на трошоците во здравствените установи. Министерството за здравство, како што рече, има свој тим кој го следи работењето, особено на Клиниките каде што се слева најголемиот број пациенти.

„Не е можно да не знаеле за одлевањето на средства и несоодветното трошење“, истакна Чибишев.

Тој изрази надеж дека аферата ќе има епилог и дека сите инволвирани ќе добијат заслужени казни.

Анкетната комисија, според него, завршила голема работа и го насочила проблемот кон конкретен случај, што резултирало со обвинение. Чибишев потенцира дека вештачењата направени надвор од државата се објективни и независни, и дека наводите во јавноста за неправилно третирање на пациенти и злоупотреба на средства се реални и сериозни.

„Грозоморно е да се помисли дека пациентите, кои биле животозагрозени, биле излажани дека добиваат терапија, а не добивале ништо“, рече директорот.

Тој ги повика судските органи да ја продолжат истрагата до крај и да ги казнат сите виновни, што, според него, може да помогне во враќањето на довербата во јавното здравство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026
Македонија

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17

06/08/2026
Македонија

Ристески: Цените се под контрола и засега нема потреба од

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44895
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани излезе со јавно соопштение во кое алармира дека АД „Водостопанство – Брегалница“, при чистењето на

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и да спасиме животи!“

07/08/2026

„Чекаме срце и додека се молам за моето дете да има подобрување, се молам за сите деца. Некому е потребно

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена одлука од Граѓанскиот суд Скопје

07/08/2026

Уставниот суд за првпат од своето постоење примени нов механизам за заштита и извршување на сопствените одлуки (предвиден со Актот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy