Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и расчистување со старите злоупотреби
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и расчистување со старите злоупотреби

12/04/2026

AA

Глобалните геополитички тензии и растот на цените на енергенсите создаваат сериозен притисок врз економијата, но компаниите во технолошко-индустриските развојни зони сепак бележат раст. Ова го истакна директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Тој посочи дека најголемиот удар доаѓа од поскапувањето на гасот, чија цена се зголемила од 30–35 на 50–60 евра за мегават-час, што директно ги зголемува трошоците на компаниите. Сепак, и покрај овие предизвици, извозот во првиот квартал од 2026 година е зголемен за над 11 проценти споредено со лани.

„Компаниите работат стабилно, произведуваат и извезуваат, што има позитивно влијание врз економијата“, нагласи Димовски, додавајќи дека фирмите веќе подготвуваат стратегии за справување со кризата.

Во интервјуто, тој изнесе и сериозни обвинувања за претходното раководство, повикувајќи се на наоди од Државниот завод за ревизија. Според него, биле склучувани штетни договори во вредност од над 30 милиони евра, се градело без дозволи, а дел од проектите, како фотоволтаици, биле реализирани без соодветна документација.

„Дозволени биле работи што не смееле да се прават, сè се ставало под тепих – откако дојдов го ‘кренав’ тој тепих“, изјави Димовски, најавувајќи раскинување на спорните договори и расчистување на состојбите.

Тој откри дека биле наследени обврски од 4,3 милијарди денари, кои веќе се намалени, а воведен е и нов систем за контрола, по што ТИРЗ се искачи од 39-то на 2-ро место според антикорупциските критериуми.

Димовски најави и нов инвестициски бран, со фокус на високотехнолошки индустрии. Потврдени се 3 до 4 нови инвестиции, додека се водат преговори со уште 17 до 20 компании, меѓу кои и голем американски инвеститор.

„Целта е квалитетни инвестиции со високи плати, кои ќе ги задржат младите во земјата“, рече тој.

Дополнително, директорот упати повик до домашните компании, нагласувајќи дека ТИРЗ не се резервирани само за странски инвеститори.

„Ако произведувате и извезувате – вратите се отворени и за македонските компании“, истакна Димовски.

Како дел од идната стратегија, најави и трансформација на нефункционалните зони во индустриски центри под управување на општините, како и можност за развој на наменска, вклучително и воена индустрија, користејќи ги предностите од членството во НАТО.

Со новата стратегија до 2037 година, ТИРЗ треба да стане двигател на економијата базирана на технологии, извоз и одржлив раст.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42400
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА ЗАСЛУЖУВАМЕ Велигденска порака за единство

12/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод најголемиот христијански празник Велигден, посакувајќи здравје, мир и благосостојба во секој дом. „Велигден

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува најсилно

12/04/2026

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии предупредува дека македонската економија се соочува со сериозни ризици од

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се дел од над 130 парламентарци

12/04/2026

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy